СИЉАНОВСКА: Во гpoб се превртуваат социјалдемократите, се однесувале скромно, а не како живки министерки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Општественото богатство е нееднакво распределено, сè се троши на едно место, вели Гордана Јанкуловска Давкова од митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Бутел. Според неа, само партиите кои имаат идеолошка определеност имаат иднина на долг рок.

За социјал демократските партии велат дека треба да се водат од начелата за хуманизам и солидарност. За социјалдемократските лидери велат дека треба да бидат скромни луше кои не се расфрлаат со пари. Кога го слушам лидерот како зборува за богатствата се шокирам, зошто си викам во гpoб се превртуваат социјалдемократите во светот, оти тие се залагале за работнички права, за еднаквост на граѓаните, од себе тргнувале во реформите, се однесувале едноставно и скромно, а не како живки министерки, рече Силјановска Давкова.

Таа додаде дека и непотизмот е исто така длабоко навлезен, што веќе не знаеме кој со кого е во сродство.

Чувме фантастична идеја, оној кој аплицирал и оној кој му овозмоил вработување, да се договореле како ќе го решат проблемот. Не разбирам, оној кој аплицирал нема што да одговара, ама оној кој што овозможил вработување тој е тој што треба да одговара, потенцираше таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This