СИЉАНОВСКА: На премиерот не му е местото во изборната кампања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова вечерва на митинг во општина Аеродром побара поддршка за претседателската функција, истакнувајќи ја важноста на демократијата во општеството без која, како што рече, нема ниту Европска унија, ниту НАТО.

Таа, меѓу останатото, истакна дека на премиерот не му е местото во изборната кампања, затоа што, посочи, тој мора да ја претставува државата и претпладне не смее да биде држава, а попладне партија.

-Тоа важи и за сите министри. Тоа е проблем на демократски дефицит, значи дека во оваа земја нема демократија, а каде што нема демократија нема ниту ЕУ и НАТО. За ЕУ и НАТО треба да сте пристојно место за живеење. Ова место е далеку од ЕУ, уште еднаш ќе слушнете дека нема да почнеме преговори, рече Силјановска.
Ако сакаме да ја донесеме ЕУ дома, дополни, треба да си победиме на претседателските избори не заради мене, туку заради почеток на крајот на една тажна 2,5 годишна сага, на една драма која беше повеќе трагедија, а напати и комедија.

-За жал, ние бевме статисти, а не главни актери, време е да си ги земеме работиме во свои раце, да ги делегитимираме изборно и да им покажеме дека власта ја дава и ја зема народт, кој тие го заборавија за време на референдумот. Ние молчејќи го кажавме најгласноти – не а тие не не слушнаа. Си продолжија без нас да го менуваат Уставот, заборавајќи дека суверенот се граѓаните, а не 80 или 81 пратеник. Затоа ова – не на претседателските избори треба да значи предупредување дека опасно е кога на едно место ќе бидат сите три власти, рече Силјановска.
Поразот на претседателските избори, дополни таа, ќе предизвика логично потреба од нов демократси бран, наречен нови предвремени парламенрни избори што ќе донесат ново парламентарно мнозинство.

Силјановска најави дека најмалку 12 пати во годината ќе се појави на собраниската говорница за да ги адресира проблемите на најранливите категории граѓани во државата.

Силјановска вечерва треба да одржи митинг и во општина Гази Баба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This