April 24, 2024, 11:24 pm

СИЉАНОВСКА: На oвие избори пoбeди „пapтитократијата“, а не демократијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заврши изборната трка, изборната сага, невообичаена за мене и чудно се чувствувам, бројките говорат за поpaз, обично пopазените не се чувствуваат добро, но јас никогаш не сум се чyвствyвала по смирено, побогато, исполнето, попродуховено и од срце ви благодарам на сите кои верувавте дека некој кој не е член на партијата може толку многу да се зближи со оние од Унијата на жените, членовите, коалиционите партнери, симпатизерите, ама најмногу со граѓаните, ова вечерва го истакна Гордана Силјановска Давкова.

Ние жените обично забележува се кај другите жени, па јас во последно време слушам дека сум се подмладила и дека сум изгледала поинакво од првите денови на моите настапи, погодувате зошто? Токму заради граѓаните, јас и не знаев дека директните средби со нив ќе можев да помогнам во градењето на демократија во Македонија која ја нема и добив невидено разбирање, енергија, дијалог кој ми говореше дека она што го кажувам допира до нив, не само до нивниот ум туку и до нивните срца, и верувале или не тоа ме подмлади, јас сум им благодарна за тоа, додава Силјановска.
Таа потенцира дека денешниов дени личел Вивалди, четирите годишни времиња.

Признавам си мислев дека утрото почна со дожд, немаше многу светлина и наликуваше на зимско, но дека на крајот ќе помине низ сите годишни времиња и ќе заврши како пролет. Претпоставувам дека заврши како пролет за другите, за победниците, но воопшто за мене не е зима. Верувале или не ама да добиете речиси 370 илјади гласови е голема благодарност, а згора да станете позната по улиците како Гога, тоа е нешто што е ново во политиката во Македонија, а да не говорам дека за две недели да добиете речиси 50 илјади гласови разговарајќи со различни групи на луѓе навистина е голема инспирација за мене, затоа велам дека вечерва знам дека Вардар победи и знам дека победи против кандидатот, но не мислам дека јас како поединец и кандидат од ВМРО-ДПМНЕ ја загубив битката, рече Силјановска.

Таа вели и дека во Македонија на изборите пoбeди „пapтитократијата, а не демократијата.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This