СИЉАНОВСКА СО ЧЕСТИТКА ЗА ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА PEBOЛУЦИОНЕРНА БOPБА: Наше право е да бидеме Македонци, да се гордееме со нашата историја, култура и јазик

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Гордана Силјановка Давкова со честитка за 23 октомври, Ден на македонската peволуционерна бopба, упати порака до македонскиот народ дека наше право е да бидеме македонски народ, да се идентификуваме како македонска нација, да се гордееме со македонската историја и култура, да го негуваме прекрасниот македонски јазик.

Ние, Македонците, не сме поинакви од другите.

Ако нацијата е имaгинарна заедница, имагинарноста не важи само за нас, ами за сите нации. Ако тие настанале во 19 и 20 век, тогаш и ние се вклопуваме во оваа тенденција.

Наше право е да бидеме македонски народ, да се идентификуваме како македонска нација, да се гордееме со македонската историја И култура, да го негуваме прекрасниот македонски јазик на кој пишувале и пееле славни писатели и поети, се образувале многу генерации, со страст го учеле немакедонци, јазични експерти тврделе и тврдат дека е посебен, милозвучен и мелодичен, дека пее и се смее кога се говори.

Никој, заради ниту една цел, без оглед со каков ореол е закитена, нема право да не обезнародува, обезличува и обезименува.

Немало друга модерна македонска нација, македонска држава, ниту друг македонски јазик! Секој народ има право на историја по свое, па и ние.

Честит празник, стои во честитката на Силјановска Давкова.

Ние, Македонците, не сме поинакви од другите.Ако нацијата е имагинарна заедница, имагинарноста не важи само за нас,…

Posted by Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова on Wednesday, October 23, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This