СИ ГИ БАРААТ ПЛАТИТЕ И НОВ ДИРЕКТОР: Вработените во „Еурокомпозит“ ги испратија барањата до владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да им се исплати плата и да биде назначен директор, зашто работат без управни органи, побараа вработените и синдикатот на прилепски „Еурокомпозит“ на денешнарта прес-конференција во кругот на фабриката.

Според претседателот на синдикатот Роберт Богданоски, ништо не е решено со компанијата, а роковите изминуваат.

– Помина месец и половина откако ја зедовме првата плата, а друга плата нема според договорот постигнат со Владата. Освен тоа, работиме, вчера имавме и испорака на произведеното, но немаме директор откако претходниот си поднесе оставка на 29 март. Ниту има назнака дали е профатена оставката. Ништо не е решено од договореното со Владата дека секој месец ќе добиваме плата, а за шест месеци ќе се реши судбината на компанијата и ќе има стратегиски инвеститор. Бараме за два дена да има решение, во спротивно од понеделник ќе продолжиме со протести, блокади, а ќе одиме и пред Владата, изјави Богданоски.

За Лазар Ангелески, претставник на гранковиот синдикат СИЕР при Сојузот на синдикатите на Македонија, беспотребно е загубено времето.

– Работите тапкаат во место. Иако вработените работат, но нема раководство и нема ниту кој да донесе или да потпише одлуки за што било во „Еурокомпозит“. За да се избере директор треба време: прво да се состанат акционерите, па управен одор, па потоа и директор. Нема ниту назнака од пакети за технолошки вишок, всушност, нема кој да ја спроведе постапката. Ова е и еден апел во најбрзо време да се реши ситуацијата, вели Ангелески.

Информација, велат од Синдикатот, е испратена и до Владата, а вработените се подготвени и на колективен отказ ако тоа е решението

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This