СИ ГИ ПРИСВОИЛ ЛИ АЦЕ КОЦЕВСКИ 3.1 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СЕБЕ: Каде истекоа 3.1 милиони евра од кредитот МЕАП на Аце Коцевски?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во периодот кога Аце Коцевски беше градоначалник на Велес, Јавното комунално претпријатие „Дервен“ се задолжи со кредит МЕАП во износ од 3 милиони и 100 илјади евра кој градот го подигна од Европската Банка за обнова и развој со намена за подобрување на водоснабдувањето на Велес. Ветувањата на тогашниот градоначалник Коцевски беа дека со тие средства ќе биде заменета целосната стара азбестна водоводна мрежа во градот. Парите, сите до евро, се потрошија, а водоводниот систем во градот остана речиси ист каков што беше и претходно. Потрошени беа милиони, а ветувања на Аце Коцевски за реконструирана водоводна мрежа во Велес останаа нереализирани.Случајот со кредитот МЕАП е уште една во редицата лаги и нереализирани ветувања на Аце Коцевски во неговите 9 години управување со градот Велес. За сомнежите околу начинот на трошењето на овие над 3 милиони евра тој сѐ уште нема одговор. И сега, кога тој повторно, петти пат по ред, е кандидат на СДСМ за градоначалник на Велес граѓаните со право ги поставуваат прашањата: „Каде истекоа 3.1 милиони евра со кои требаше да се замени водоводната мрежа во Велес?“, „Зошто се потрошија толку многу пари, а водоводните цевки во градот останаа оние старите изработени од азбест-цемент и „Дали милионите што требаше да бидат вложени во градот можеби завршија во нечии приватни џебови?“

Ова граѓаните на Велес со право го прашуваат бидејќи услов за подигнување на кредитот МЕАП од Европската банка за обнова и развој беше ЈКП Дервен да ја зголеми на цената на водата – услов кој Аце Коцевски лесно го прифати. Тоа предизвика драматично зголемување на сметките за вода за пиење на велешани од речиси 200 проценти. Имено, еден кубик вода кој претходно чинеше 12 денари, после МЕАП кредитот се зголеми на 30,4 денари, со што велешани од Аце Коцевски беа „почастени“ да плаќаат најскапа вода во Република Македонија, веднаш после охриѓани.

Дополнително, во истиот овој период кога Аце Коцевски беше градоначалник секојдневие на граѓаните на Велес беа т.н рестрикции во водоснабдувањето. Вода во Велес час имаше-час немаше. Во високите зони на градот, пак, рестрикциите знаеа да траат и по цели денови, особено во текот на летните месеци кога потребите на домаќинствата се најголеми. Причината – честите дефекти на водоводната мрежа и нерешеното прашање за трајно водоснабдување на градот пред изградбата на хидросистемот Лисиче. Граѓаните беа оставени самите, како знаат и умеат, да се снаоѓаат. Сѐ уште се свежи сеќавањата помеѓу велешани на долгите редици пред чешмите во Башино село и Шорка од кои со часови се чекаше во ред за да наполни вода во најразлични садови за да можат да задоволат основна потреба – вода за пиење. Ем потрошени милиони, ем поскапа вода, ем рестрикции. Тоа е белегот кој го остави Аце Коцевски во неговиот период како градоначалник во два мандати.

И, иронијата да биде уште поголема, Аце Коцевски и денес излегува како кандидат на СДСМ за градоначалник, по петти пат, и повторно ветува дека ќе реконструирал градски водоводни цевки. Како ништо претходно да не било! Како да не потрошил милиони за таа намена неколку години претходно додека беше градоначалник! Истите работи што Аце Коцевски ги ветуваше пред 15 години денес во 2017 година повторно ги расфрла пред велешани. Ни срам, ни перде!

Има ли нешто ново да очекуваат велешани од Аце Коцевски на оваа тема?

Дека не го бива за да го реконструира водоводниот систем на градот – тоа го докажа во текот на неговиот 9 годишен мандат. Дека не го бива да одржи ветувања – тоа сите во Велес добро го знаат. Па граѓаните во голем сомнеж прашуваат дали Аце Коцевски повторно планира да подигне нов кредит од неколку милиони евра, за пак да ветува реконструкција на градската водоводна мрежа, потоа повторно да не го исполни ветувањето и уште еднаш да ја покачи цената на водата? Дали можеби повторно милионски суми ќе се слеат во нечии приватни џебови?

Инаку, градот преку ЈКП Дервен ги исплаќаше ратите од кредитот МЕАП сѐ до 2015 година, односно 7 години откако Аце Коцевски беше сменет од градоначалничката функција. Коцевски замина од првата градска фотеља, но и им остави обврски на велешани 7 години да плаќаат кредит кој тој го подигна, а од кој граѓаните практично не видоа ништо.

Денес, без трошка срам и совест СДСМ повторно го нуди Аце Коцевски. Два пати поразен во 2009 и 2013 година. Два пати со право! На 15 октомври оваа година ќе дојде и третиот последователен пораз на Аце Коцевски од велешани. И повторно со полно право!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This