March 29, 2024, 12:40 pm

СИ ГО ОТCEКОЛ ПРСТОТ: Откако сфатил дека гласал за погpeшна партија си отceкол прстот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Индиски гласач си отceкол прст откако сфатил дека гласал за погpeшна партија на парламентарните избори.

Во видео кое се прошири на интернет, Паван Кумар вели дека случајно гласал за владејачката партија Баратија џаната. Тој сакал да гласа за една регионална партија, но се збунил од премногу симболи на гласачката машина. Во Индија, показалец на секој гласач се означува со невидливо мастило откако ќе гласаат.

„Сакав да гласам за слонот, но по грешка гласав за цветот“, вели Кумар во видеото, алудирајќи на партиските симболи кои се истакнати веднаш до името на кандидатот.

Партиските симболи имаат важна улога на изборите во Индија бидејќи лесно се идентификуваат во земјата каде што има голем процент на неписмено население. На изборите учествуваат голем број регионални партии и коалиции, што често ги збyнува гласачите.

Изборите во Индија, во кои учествуваат 900 милиони гласачи, се спроведуваат во седум фази и траат до 23 мај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This