СИ ДОГОВОРИЈА КАКО ЌЕ СИ ДЕЛАТ ОД МАКЕДОНИЈА: Димитров и владата на Заев непотребни во состанокот на „Четворката од Варна“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерите на Бугарија, Романија, Грција и претседателот на Србија преговараа за добрососедските односи на земјите во регионот но од нивниот состанок комплетно го изоставија Никола Дмитров, и владата предводена од Зоран Заев.

Димитров и Заев кој во последните 100 дена од власта на СДСМ се повикуваа на креирањето на добрососедски односи со земјите од регионот и кои тврдеа дека пријателството со соседите е витално за да се избрише “грдото лице на Македонецот“ останаа неповикани на овој состанок.

Очигледно беа бадијала потезите на Димитров да малку по малку ја избрише македонската историја од мапата.

Покрај тоа што беше составен договорот со Бугарија и одлучено беше да се спојат историите на Македонија и Бугарија и беше воспоставена грчко-македонска комисија за прегледување и отстранување на иредентизмот во македонските учебници, земјите од регионот не ја важнуваат Македонија доволно.

Според српските медиуми форматот на овој состанок претставувал јасен знак дека набрзо своето место како земја членка на ЕУ ќе го осигура и Србија, чија влада за разлика од македонската не ја “реормираше“ комплетно својата историја во последните 4 месеци.

Празните ветувања и неспособноста на СДСМ продолжуваат. Го ставија идентитетот и историјата на Македонија на послужавник пред Европските сили кои за возврат не ја ни поканија владата на Заев на преговорите за добрососедтво, на состанокот кој можеби е одлучувачки за влез во Европската Унија.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This