СИ ЗАМИНАА БЕЗ АМБАСАДОР: Заев, Шекеринска и Димитров си заминаа од Самитот во Лондон без амбасадор во НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Самитот на НАТО во Лондон заврши синоќа, а Македонија, иако седна на иста маса како 30. членка, сѐ уште не назначи свој амбасадор во седиштето во Брисел. Тоа претходно го најавуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Пред повеќе од една недела медиумите добија уверување дека до самитот на НАТО во Лондон на 3 и 4 декември ќе се знаат новиот амабасадор и новиот вoeн претставник на Македонија во Алијансата, но засега и понатаму нема име кое би можело да исплива на површината.

– Макеоднија до самитот на НАТО ќе има избран свој вoeн претставник во Алијансата. Нашите мисии се зајакнуваат – и во дипломатскиот и во одбрaнбениот дел. До крајот на годината се очекува да имаме и нови простории за нашата мисија, рече Шекеринска по средбата со шефот на канцеларијата на НАТО во Скопје, полковник Зоран Јанковиќ.

Министерот Димитров во претходните денови имаше исти очекувања да биде завршена работата и околу назначувањето на дипломатскиот претставник во НАТО.

– Тоа ќе биде човек со искуство и со политичка тежина кој достојно ќе преставува во НАТО. Ако по 25 години сме на чекор пред влез во НАТО, ќе биде крајно нeсериозно ако политичките фактори кои учествуваат во постапката за именување амбасадори не успеат да го обeзбедат тоа. Ќе биде исклучително лош сигнал ако полноправното членство го дочекаме со вршител на должност, истакна Димитров, сепак, изразувајќи увереност дека во наредните денови ќе биде назначен амбасадор во Алијансата.

Со пораки за поддршка и срдечно добредојде за Македонија, во Лондон заврши НАТО самитот, на кој прв пат земјата рамноправно учествуваше со својата македонска делегација предводена од Зоран Заев, следен од вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, како и од Шекеринска и Димитров.

По глобалниот собир, кој мина во сенка на меѓусебните препирки на светските лидери, Заев изјави дека добил уверување дека Македонија кон почетокот на следната година ќе стане полноправно членка со ратификувањето на пристапниот протокол во шпанскиот парламент.

Кандидат за амбасадор во НАТО треба да биде ставен на дневен ред на владина седница, а потоа следува процедурата за негово именување преку постапка во МНР, која потоа продолжува кај претседателот на Македонија.

Претседателот Стево Пендаровски засега донел одлука за поставување вoeн претставник за НАТО и ЕУ во Канцеларијата на вoeната мисија на Македонија во седиштето на НАТО и ЕУ во Брисел, но името се уште не се обелоденува додека трае процедурата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This