Си легна на брашното, Заев ќе коалицира со Ахмети

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за МИА вели дека очекува победа на изборите, па дури и поддршка за формирање на една стабилна коалиција, но не исклучува можност и за коалицирање со други партии, а во постојана комуникација за можна постизборна коалиција се со Алијанса на Албанците и Алтернатива, пренесува државната агенција.

Изборната парола на ДУИ за прв премиер Албанец ја оценува како комплетно популистичка политичка стратегија и националистичка порака, која била присутна во времето на Груевски и Ахмети, но сепак не исклучува можност за постизборна коалиција со ДУИ, доколку партијата се откаже од ова условување.

Прв услов за предизборното коалицирање со БЕСА, вели, бил заборавање на национализмот.

Со БЕСА имавме три недели речиси секој ден по неколку часа разговори додека ги усогласиме сите ставови, политички и програмски определби. Денеска имаме заедничка програма, којашто се вика „Можеме“ и таму зборуваме за сите вредности. Прв услов беше да го заборавиме национализмот, да ја промовираме еднаквоста во општеството, борбата за секој и неговите права, комплетно се работи за млади луѓе, кои се комплетно растоварени, нормално најголем дел се од албанската етничка заедница или речиси се целосно од албанската етничка заедница и сакаат за својата заедница еднаквост и рамноправност и во правата и во обврските, вели Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This