Си ja koпате сопствeната јама: Bлaдaта го изгyби компacoт, влeзe вo отвopeнa вojна co нapoдот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата влезе во отворена војна со сопствениот народ, а тоа нема да донесе ништо добро никому.

Првата работа околу која го навлече гневот се заканите поврзани со Пописот и пропуштањето на попишувачите во домовите на граѓаните. Па се лицитира тука со некакви затворски казни за сите оние што во услови на кулминирачка пандемија нема да ги пропуштаат попишувачите.

А гледаме колку таа иста Влада потфрли на полето на заштита на здравјето на граѓаните. Македонија практично е претворена во губилиште.

Втората работа околу која дополнително го навлекува гневот се заканите до граѓаните кои викендов планираат да се вакцинираат во соседна Србија. Им се заканува дека за време на полицискиот час не смеат да патуваат, а единствениот начин да стигнат во Белград во утринските часови е да патуваат навечер.

Другари, не е убав патот по кој забраздивте. Полека гледам ве напушта разумот и рациото. Ниту една Влада не успеала да опстане со закани кон сопствениот народ, закани кон луѓето на кои единствениот грев им е желбата да си го зачуваат здравјето.

Читам по фејсбуков дека разумни луѓе ве предупредуваат да кренете рачна, да ја спуштите топката. Станува очигледно дека изгубивте компас. Со закани само ја копате сопствената јама.

(ФБ статус на Александар Левески)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This