April 19, 2024, 12:36 am

СКАДАЛ ВО ИЗБОРНИТЕ КОМИСИИ: Претседател на ОИК во Кисела Вода на партиски митинзи на СДС!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Општинската Изборна Комисија во Кисела Вода се фотографирал на кампањата на СДСМ во Кавадарци. Наместо да ја извршува функцијата на која е поставен и да овозможи фер и демократски избори, Томо Мојсовски извршува теренски задачи за локалната кампања на СДСМ.

Претседателот и членовите на Општинските Изборни Комисии се бираат од државната администрација со претпоставка дека ќе биде набљудувачи кои непристрасно ќе го следат изборниот тек на денот на изборите како и подготовките за изборниот процес. Томо Мојсовски наместо да работи на задачите кои ги има како Претседателот на Изборната Комисија во Кисела Вода работи на подобрување на изборните резултати на СДСМ на локалните избори

СДСМ уште во самиот старт на кампањата за локалните избори ги погазува основните прицнипи на фер и демократски избори. СДСМ уште на единаести декември кога беа предвремените парламентарни избори ги погази сите начела на фер и демократски избори за кои толку гласно се бореше, со купување на контингенти на гласови од руралните средини. Сега СДСМ продолжува да го прави и на локалните избори кои треба да се одржат на 15 октомври, низата кривични пријави кон кандидатите за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и обидот за убиство на носителот на независната советничка листа во Кичево очигледно беа само почеток. Како што се ближат изборите СДСМ страво кој го чуствува од пораз се повеќе и повеќе ќе го насочува кон граѓаните, и ќе продолжи да ги гази сите морални и етички принципи само да извојува победа, а притоа ќе ја усмрти македонската демократија

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This