СКАНДАЛ,КОЈ ПРЕДИЗВИКА БУРНИ РЕАКЦИИ:Хирург го оперирал мозокот на погрешен пациент

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неврохирург во најголемата болница во Кенија е суспендиран откако извел операција на мозок, но на погрешен пациент.

Скандалот, кој предизвика бран од ужаснатост на социјалните мрежи, е уште еден во серијата „инциденти“ во националната болница „Кенијата“ во изминативе недели, откако неодамна се појавија обвинувања за сексуална злоупотреба на пациенти и за кражба на бебе.

Болницата соопшти дека хирургот, како и две медицински сестри и еден анестезиолог, се суспендирани поради истрага за оперирање погрешен пациент.

Министерот за здравство Сицили Кариуки го суспендирал и директорот на болницата поради грешката, пренесе Гардијан.

Како што покажала истрагата, двајца мажи биле примени во болницата во неделата. На едниот му била потребна хируршка интервенција поради згрутчување на крвта, додека на другиот му биле потребни само лекови. По неколку часа оперирање, лекарите откриле дека нема згрутчување на крвта во нивниот пациент и дека всушност оперираат погрешен пациент.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This