СКАНДАЛОЗНА ИЗЈАВА НА ПОЛСКИОТ ПРЕМИЕР: Евреите учествуваа во холокаустот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки го бранеше неодамна усвоениот законт кој би требало да ја заштити Полска од обвинение за помагање на нацистите во геноцидот

Полскиот премиер подигна бура зборувајќи за Евреи „кои учествувале во Холокаустот“, бранејќи го неодамнешниот спорен закон кој би требало да ја заштити Полска од обвинение за помагање на нацистите во геноцидот.

На прашање на израелскиот новинар Ронен Бергман дали би бил казнет ако во Полска раскаже што се случило со членовите на неговото семејство кои биле депортирани, бидејќи соседите Полјаци ги пријавиле на Гестапото во Втората светска војна, полскиот премиер изјавил:

„Не би биле казнет, бидејќи не е казниво дело ако кажете дека Полјаци биле извршители (на геноцидот над Евреите), како што имало и извршители Евреи, Украинци и Германци кои тоа го правеле“ рекол на конференцијата за безбедност во Минхен.

„Секако дека не би имало прогон на луѓе кои велат дека меѓу извршителите имало и Полјаци, бидејќи имало. Но неможеме да ги изедначуваме сторителите и жртвите, бидејќи тоа би било навреда за сите Евреи и за сите Полјаци кои толку патеа во Втората Светска војна“, рекол полскиот премиер.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху веднаш го осудил полскио премиер затоа што рекол дека имало и Евреи кои учествувале во Холохаустот.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This