СКАНДАЛОЗНА ОДЛУКА НА СУДОТ: По секоја цена сакаат да ги осудат политичките противници на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев го одби како неосновано барањето за изземање на судијката Добрила Кацарска, што на днешното рочиште за „Тенк“ го поднесоа адвокатите на обвинетата поранешна министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Кацарска на странките им врачи примерок од одлуката, по што судењето продолжи со сослушување на сведокот Зоран Марковски, вработен во Мак Ауто Стар во 2012 година.
На прашања од обвинителот, Марковски рече дека бил управител на Мак Ауто Стар, но не бил вклучен во процесот за изготвување понуда и учество на тендерот, а само е потпишан на договорот.

На вкрстени прашања од адвокатката Сања Алексиќ, Марковски одговори дека немал никаков контакт со Гордана Јанкулоска и дека оваа постапка за набавка на блиндирано возило била прва извршена по пат на јавна набавка, додека другите продажби на такви возила биле со директно договарање. Сведокот објасни дека кога има потенцијален купец за возило кое се наоѓа во Германија се прави резервација за тоа возило, што не е обврзувачка за нив се до моментот кога купецот ќе ја потврди нарачката, по што се врши нарачка што потоа е обврзувачка за нив.

Да потсетиме дека Комисијата за заштита од дискриминација по поднесена преставка од екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, донела мислење дека судијката Добрила Кацарска постапила спротивно на Законот, односно ја депривилегирала и ја изложила на деградирачки однос во областа на пол и политичка припадност.

Токму поради ваквото  мислење на Комисијата за заштита од дискриминација и утврденото прекршувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација од страна на Добрила Кацарска, одбраната на Јанкуловска поднела барање за иземање на судијката Кацарска од судењето во случајот на СЈО, Тенк кое денеска беше срамно одбиено.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This