СКАНДАЛОЗНИ СЕ ФОТОГРАФИИТЕ НА КОИ СЕ ГЛЕДА КАКО СДС ДЕЛИ ПАРИ ЗА ГЛАСОВИ: Фрапантни и скандалозни се фотографиите каде јасно се гледа како членови на СДС од Ранковце се фотографираат со куп пари распослани пред нив!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фрапантни и скандалозни се фотографиите кои излегоа по социјалните мрежи, каде јасно се гледа како членови на Социјалдемократскиот сојуз од Ранковце облечени во нивни партиски маици со партиски обележја се фотографираат со куп пари распослани пред нив, вели Димче Арсовски потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-Со оглед на тоа дека досега се случија редица на скандали и темни дамки во изборната кампања, насилие и криминогени активности на структури на Социјалдемократскиот сојуз, јавно го повикуваме да одговорат: Дали ова се пари со кои Социјалдемократскиот сојуз поткупува гласови кај социјално ранливите категории на граѓани? Дали е точно дека криминалните структури на Социјалдемократскиот сојуз се активирани на терен да вршат уцени, поткупувања и заплашувања. Од каде им толку многу пари на овие млади партиски активисти? Дали Социјалдемократскиот сојуз со црни пари, спрема изборен поткуп од невидени размери во цела Република Македонија? Кое е потеклото на овие пари?, прашува Арсовски.

Тој ја повикува и финансиската полиција, УЈП предводена од шарената платеничка Луковска, и Министерството за внатрешни работи раководено од партискиот министер Спасовски веднаш да го испитаат целиот случај?

-Во спротивно ќе сметаме дека тие се соучесници во овој криминален слуцај на потплаќање на гласачи. Очигледна е нервозата од поразот но одговорност ќе има и таа порано или подоцна ќе дојде, потенцира Арсовски.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This