April 27, 2024, 12:44 am

СКАНДАЛОЗНИ СОЗНАНИЈА ЗА ПОЖАРОТ: Катастрофалниот пожар во Атина бил подметнат?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчкиот совет за одбрана испрати специјално обучени припадници на вооружените сили и Националната гарда да им помогнат на патроли на цивилната заштита за да се спречи понатамошното ширење на пожарот, според грчкиот портал “Катимерини”.

Седница на Советот ја свика министерот за одбрана Панос Каменос, откако надлетал опустошената област источно од грчкиот главен град.

Советот одлучи дека грчки и сојузнички беспилотните летала како и авиони, ќе и помогнат на цивилната одбрана при собирањето на податоци од делови на земјата, кои се уште се изложени на посебен ризик од пожар или намерно подметнување пожар.

Овие мерки беа воведени по шпекулациите дека огнот во источна Атика и неколку пожари во регионот на Коринт се подметнати.

Министерот за цивилна заштита Никос Тоскас во понеделникот сугерираше и истакна дека три од четирите изгаснати пожари во неделата повторно пламнале на истите локации во понеделникот – на падините на планината Пендели. Пожарот потоа се проширил кон брегот.

“Овие пожари не се случајни”, рече тој.

Во меѓувреме, Врховниот суд на Грција нареди истрага за причините за пожарот во источна Атика.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This