СКАНДАЛОЗНО Е АМБАСАДОРИ ДА УЧЕСТВУВААТ ВО КАМПАЊА ЗА РЕФЕРЕННДУМ: Македонија е непосредна демократија, никој не смее да ги лаже и принудува!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На точно месец пред референдумот и кога самодовербата на премиерот Заев е голема, па вели дека се зголемувал бројот на поддржувачи за референдумот, стигнува финансиска инјекција од Канцеларијата на ЕУ во земјава, па преку нивна кампања ќе агитираат кај граѓаните. Научната фела бурно реагираат што во моменти кога европската Унија постојано алармира за демократија, самите се вкулучуваат во кампања во рамки на непосредна демократија. Професорката Билјана Ванковска, вели скандалозно е што евроабасадорот Жбогар со лажни ветувања се меша во внатрешните работи на Македонија, пренесува Алфа.

– Ама АПСОЛУТНО е небитно што Жбогар не го именувал македонскиот јазик! Но, СКАНДАЛОЗНО е амбасадори да учествуваат во кампањата во рамки на НЕПОСРЕДНАТА ДЕМОКРАТИЈА, каде граѓаните одлучуваат сами, па дури ни нивната власт не смее да ги лаже или принудува! Класично мешање во внатрешните работи и тоа со лажни ветувања кои Жбигар не би можел ни на словенечките граѓани да им ги продаде, пишува професорката Билјана Ванковска на социјалните мрежи.

Но не само Ванковска, и екс министерот и професор Никола Попоски, остро го нападна Жбогар кој вчера додека со премиерот Заев убедуваа за придобивките од членството во големото семејство, заборави дека нашиот јазик е македонски.

– Г-дине Жбогаааар…. “јазикот на Конески” има име и е македонски. Како Словенец засрамете се. Ако мислите со вакви финти да се провлекувате до референдумот а во негова корист – грешите. Ги стимулирате неговите опоненти, пиша Попоски.

Под мотото „Замисли иднина заедно“ од први септември еуамбасадорите во земјава започнуваат кампања со која ветуваат помош за општините во Македонија во наредните четири години. Ќе одат од општина во општина на средби со граѓаните, на кои ќе ги презентираат придобивките од членството на Македонија во Европската унија.

Но не само Жбогар, и еврокомесарот Хан со ладен туш за владата на Заев – Џабе е и сменето име, сменети пари, имиња на институции…..патот кон еу ќе биде долг.. ова не е прв пат хан да спомене дека брисел, поучена од примерот со романија, за новите потенцијални членки ќе бара целосно спроведување на реформите пред приемот, за што е потребен скап и долготраен скрининг процес..

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This