СКАНДАЛОЗНО Е, МЕРИ: Мери Николова незадоволна од распределбата на народни пари по партиски активисти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една од најгласните поддржувачи на „шарената револуција“ и стравствен активист на СДСМ, инаку сопруга на екс-амбасадорот Агрон Буџаку, незадоволна од распределбата на народните пари по партиски активисти, членови и поддржувачи на социјалните мрежи реши да ја искритикува владата затоа што имало луѓе кои трчале за партијата, а не добиле ниту денар. Демек, на сите што трчале за партијата сега требало да се делат народни пари

Како бе не ви е срам, луѓе гинеа за партијата, финансираа за многу работи од свој џеб, многу од нив заборавени а многу од вас по 5 функции добија и над 150.000 евра и над 300.000евра добиваат преку ноќ грантови. Луѓе мака мачат со сиромаштијата и извршителите, немат покрив над глава а вие почнавте со луксузи. Или ние сме глупи или вие сте многу паметни и заборавивте кој ве доведе на власт. Срам да ви е и Бог е голем, да знаете неговата рака кога ќе ве допре чуда прави. Мрш….многу сум лута, многу! Не знам како не ве вознимирува целата ситуација, бевте чесни борци или чесни крадци ?! Зошто се боревме бе зошто, подобро грујо да си владееше!
” Фирмата Декодикс од Скопје која што од Фондот за иновации и технолошки развој на контраверзниот тендер добила грант во износ од околу 20 милиони денари или околу 330.000 евра е формирана на 18 мај оваа година.

За само 43 дена фирмата од основањето успеала да учествува на јавниот повик и да ги добие парите кои што за најголем дел од Македонците се научна фантастика. Што точно ќе работи фирмата оснве дека проектот се нарекува декодирај – ме никој од Фондот за инвоации или од владата досега не открива.

Овој правен субјект кој освен на хартија нема поголеми успеси во бизнисот имал стопанско искуство од само 43 дена кога го добил огромниот грант од Фондот за иновации.

Уште поголем проблем за законот (за судир на интереси) е тоа што меѓу сопствениците на фирмата е снаата на Цветанка Ласкова, Христина Керкез жена на Горан Кан Керкез кој е син на советничка на премиерот. Цветанка Ласкова е претседател на жените на СДСМ и советник за култура на премиерот Заев.

Со оглед на работното искуство на фирмата, сосема разбирливо е што тие се весели на фотографијата на која е овековечена нивната радост при подигнувањето на чекот со речиси 20 милиони денари или 330 илјади евра. Чекот им во врачи на шефот на „свекрвата“ на една од сопственичките на фирмата, Цветанка Ласкова.” – напиша Мери Николова на нејзниот ФБ профил.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This