April 25, 2024, 12:24 am

СКАНДАЛОЗНО ОДНЕСУВАЊЕ ВО ТЕЛМА: Не ја објавиле целата анкета со која ги храбреа членовите на СДСМ-истата пресметува 63 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На пет дена до изборите, телевизија Нова претставува нови податоци од анкета на јавното мислење. Кој ќе биде идниот премиер, кој најмногу ги штити националните интереси, која политичка опција е поблиска со ставовите на граѓаните, ова се само дел од прашањата на кои одговор се бараше од 1000 испитаници, во периодот од 26.10 до 5. 11.

anketa-5

Инаку телевизија Нова оваа анкета ја нарача од истата рејтинг агенција која подготви теренско истражување и за телевизија Телма. Резултатите од двете анкети драстично се разликуваат, а дел од анкетните прашања не се објавени во јавноста. Затоа телевизија Нова во целост ви го прикажува расположението на електоратот.

На прашањето упатено до македонските граѓани – во кој политичар имате најмногу доверба, нешто над 32% изјавиле дека му веруваат на Никола Груевски , лидерот на СДСМ Зоран Заев добил 14,6% од подршката на анкетираните. Следува прашањето кој има повеќе реализирано од предизборната кампања во минатото. Високи 55,8% добива Груевски наспроти 16,6% Заев.

Кога се во прашање националните интереси, соодносот помеѓу Груевски и Заев изнесува 2:1. 49,6% од анкетираните сметаат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ води повеќе грижа за националните интереси, додека за Заев се изјасниле 23,2%..

Анкетата продолжува со прашањето која партија е поактивна на терен – со граѓаните, соодносот помеѓу владеачката и опозициската партија е 5:1 или 67,2% од испитаниците сметаат дека тоа се претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, а за СДСМ истото го сметаат 11,7%.

Речиси идентичен е и резултатот за тоа кој е подобро организиран во внатрешната организираност – 64,1% 14,7%.43,8 % од испитаниците сметаат дека нивните сопствени ставови и размислувања се поблиски до ставовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а поблиски до СДСМ во размислувањата се чувствуваат 22, 5% од граѓаните.

Во однос на оддржувањето на изборите, доколку утре се оддржат изборите 29,7 % својот глас би го дале за ВМРО-ДПМНЕ, 20,6% проценти за СДСМ.

Во истражувањето што го објави Телма, според објавата од телевизијата, вклучен бил и Институтот за демократија. Оваа невладина, пред две години во пресрет на Превремените избори во 2014 година, исто така направи истражување на јавното мислење, според кое разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 5,2%, а на изборите владеачката партија победи со 11% разлика. Ако сега разликата е 3%, а е работена според иста методологија, математиката вели дека разликата на овие избори би била околу 8,8% односно 160.000 гласа, пренесува телевизија Нова.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This