СКАНДАЛОЗНО ОДНЕСУВАЊЕ НА ОХРИДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: Брзата помош не се пушта во Стариот град, докторите трчаат пешки да спасуваат животи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Возило на Брза Помош, кое било повикано да интервенира на територијата на Стар Град, остана пред Горна Порта бидејќи не успеа да влезе во Стар Град, а медицинскиот персонал продолжил пешки да оди кон местото каде треба да интервенираат врз лице со здравствен проблем, пренесува охридскиот портал „Охрид 1“.

Новиот систем со рампи предизвика целосен колапс во Стар Град, а граѓаните се при крај со трпението и бараат Градоначалникот Јован Стојаноски да се појави пред нив, пишува порталот

Стојаноски денес не се појави на терен, а кај рампите се појавила само директорката на ЈП Билјанини Извори, Гордана Јованоска.

Во Стар Град на изборите победи Јован Стојаноски, а сега жителите на овој дел од градот велат дека никој во изборите не им кажал дека Стојаноски ќе им постави рампи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This