СКАНДАЛОТ ВО РАДОВИШ Е МНОГУ ПОСЕРИОЗЕН: Оџата во училиште го повикала директорката, чиј сопруг е секретар на општината – им се заканувала на родителите со кривични пријави!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не запираат скандалите околу одржувањето на ифтарската вечера и обавувањето на верски обред во училиштето во Радовиш. Имено советот на родители побарал да закаже состанок во училиштето во врска со настанот, повеќе од 20-тина родители присуствувале, но претседателот на советот ги одбил родителите да го реализира состанокот. Сепак родителите инсистирале на состанокот и повеќе пати ја побарале директорката на мобилен телефон, а пота таа ги пријавила во полицијата. Полицијата им забранила на родителите да се собираат во училиштето, а добиле и закана дека ќе добијат кривични пријави.

Забрането е во училиштето да се говори за настанот, а во текот на денот дури шест деца биле испишани од училиштето и запишани во друго училиште. Уште една лага и манипулација околу настанот е дека градоначалникот не бил запознаен со настанот. На верскиот обред присуствувал секретарот на општина Радовиш кој всушност е сопруг на директорката на училиштето. Токму поради оваа причина јасно е дека градоначалникот на Радовиш нема никаква намера да ја разреши директорката бидејќи нејзиниот сопруг е дел од неговиот кабинет. Родителите обвинуваат и за непотизам во општината како и закани и притисоци да не се говори за настанот и да не се критикува директорката на училиштето и градоначалникот.

Според родителите, градоначалникот ги користи своите синови и нивните другари, да ги заплашуваат граѓаните ширум градот, а велат дека токму тие учествувале во неколку тепачки за време на изборите, евидентирани со камери. Настанот бил заташкан од страна на полицијата, а едниот од учесниците во тепачките кои сега ги заплашуваат граѓаните е претходно осудуван и отслужува условна казна. Родителите покрај паричната казна за директорката, бараат таа да си поднесе оставка како знак на морална одговорност, бидејќи поради нејзината постапка и самото училиште е оштетено односно треба да плати казна од 1600 евра.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This