СКАНДАЛ: Владата на СДСМ го укина појадокот во студентските домови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Планот за живот на СДСМ и најавите за подобар студентски стандард во периодот пред декемвриските избори ги зголемуваат маките на македонските студенти.

По низата укинувања и стопирања на мерки наменети за нив, меѓу кои згаснувањето на дисперзираните студии, стопирањето на проектот 30/35 кој обезбедуваше финансиски поволности при студирањето за повозрасните граѓани со интерес за студирање, гласањето против законот за студентски ваучери за купување компјутери, најновата одлука на раководните структури од партијата на Зоран Заев која ја шокираше јавноста предвиде укинување на појадокот за студентите кои годинава добиле легло во трите најголеми студентски домови во главниот град, домови “Гоце Делчев“, “Стив Наумов“ и “Кузман Јосифовски – Питу“.

Па така, отсега наместо вообичаените три оброци кои им следуваа, идните академски граѓани кои одлучиле да ги користат услугите на студентските домови, за истата цена која ја плаќале и досега, ќе добиваат само два оброци. Тоа значи дека трошокот за студирање станува поголем. Оброкот кој досега го покриваше државата, ќе мораат да го платат од сопствениот џеб.

Дали директорот на Државниот студентски центар под чија надлежност се овие три домови, индивидуално оценил дека студентите немаат потреба од појадок, или пак, одлуката е изнудена поради кратењето на цели 1,5 милијарди денари од буџетот за образование, останува нејасно, бидејќи раководството на домот не одговори на нашите повици.

Во меѓувреме, студентите секојдневно го изразуваат своето незадоволство, особено на на социјалните мрежи. Неодамна се побунија и поради појавата на инсекти во храната која им се служи.

Дознаваме дека студентите, чија бројка е околу 3.000 имаат намера да организираат масовни протести, доколку управата не ја промени одлуката да добиваат по три дневни оброци и доколку не преземе ништо за подобрување на квалитетот на истите.

Според информациите до кои дојдовме, нивниот револт е уште поголем и поради фактот што модерните перални и сушални кои ги набави претходната влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ, се уште не се функција поради тоа што лицата кои се обучени да раководат со истите, наместо да работат според описот на работните обврски од нивните работни места, добиле други задачи.

Студентите со кои разговаравме сметаат дека се изманипулирани од кадрите на СДСМ, како Стефан Богоев, Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ кои кон крајот на минатата година беа чести посетители во студентските мензи и кафулиња, ветувајќи драстични промени на стандардот по доаѓањето на власт.

Велат, животот кој им беше ветуван, најверојатно е живот во странство, не во Македонија.

Според последните податоци за само 100 дена владеење на СДСМ, државата ја напуштиле 20.000 млади лица. Со оглед на тоа што суровоста на политиките на Зоран Заев кон младите станува поголема, очекувањата на експертската јавност се дека овој тренд ќе продолжи и во периодот што следи.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This