СКАНДАЛ ВО АД „ЕЛЕМ“: Генералниот директор вмешан во формирање на паралелен синдикат и лажирање на синдикални избори?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скандалозно прекршување на работничките и синдикалните права на вработените во ЕЛЕМ се случува во последните неколку седмици, откако во сите подружници на компанијата вработените се принудуваат да потпишат пристапници од фиктивен синдикат во кој раководството е составено од лица блиски до СДСМ

 

Како што дознаваме, во АД ЕЛЕМ се случува невиден притисок врз вработените да потпишат пристапница во паралелен синдикат, во кој, како што информираат вработените раководството е составено од лица блиски до владеачката партија.

Повеќе од две недели вработените се принудуваат да потпишат за пристап во новата фантомска синдикална организација, инаку им се закануваат казни по плата, суспензии и други посилни мерки.

Од РЕК Битола известуваат дека вакви притисоци имало и во нивната подружница. Оттаму велат:

„Како што и претходно ве известивне во Подружницата РЕК-Битола се јавуваат некои структури кои се претставуваат како синдикат односно како „Синдикална организација АД ЕЛЕМ РЕК Битола“. Под овај назив има синдикат во Мулти Етнички Синдикат на Образование. „Синдикалната Организација АД ЕЛЕМ- Синдикална Подружница РЕК-Битола“ е засега единствениот РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН и ЛЕГИТИМЕН Синдикат во Пдружницата РЕК-Битола.“ – стои во соопштението објавено од вработените во РЕК Битола. 

Од легитимниот синдикат на КСС на својата веб страница информираат дека веќе со месеци се случува криминал и невидено мешање во синдикалното делување на вработените во АД ЕЛЕМ од страна на раководните структури.

 

„Гранскиот синдикат, Самостојниот синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија на Република Македонија, кој што е во состав на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, ја информира јавноста за неколкумесечното грубо мешање и упад во синдикалното движење во синдикалните поддружници при АД ЕЛЕМ, како и во самата синдикална организација на АД ЕЛЕМ. Имено, синдикалната организација на АД ЕЛЕМ донесе одлука за распишување на легитимни синдикални избори, согласно Статут која што е во согласност со Законот за работни односи и Колективниот договор, а за што беше известен Генералниот директор на АД ЕЛЕМ, г-динот Миновски, како и сите директори на АД ЕЛЕМ и управувачките одбори.“ – информираат од КСС.

Од КСС информираат и дека од нив било побарано да се лажираат изборите во РЕК Битола, со цел да се постават лица блиски до раководните структури .

„Раководни лица во одредени подружници пред се во РЕК Битола, побараа изборите да се лажираат и да се изберат лица кои ќе бидат предложени од нив самите, во спротивно се заканија дека изборите нема да се одржат.“ – додаваат од КСС.

„Од наша страна беше пријавено во Јавното обвинителство во Битола, МВР Битола, Трудовиот инспекторат, Генералниот директор на АД ЕЛЕМ, секако и Министерот за труд и социјална политика, Генералниот секретар на Владата на РМ, и до Претседателот на Владата на РМ. По пријавата се огласи само трудовиот инспекторат со неточно известување за недоставување на одлуки од страна на синдикалната организација, кои за жал можеби и не се доставени до нив, од страна на овластените лица на РЕК Битола, додека од другите органи немаше никаква реакција.“ – објаснуваат од КСС.

„Од средината на минатиот месец, почнаа повторно да се прават притисоци врз нас како претставници на синдиктот и врз синдикалното организирање, со цел насилно преземање на синдикатот, насилно одземање на неговиот имот и документите на гранскиот синдикат, синдикалната организација на АД ЕЛЕМ и синдикалната подружница на РЕК Битола. За новонастанатата ситуација го известивме Претседателот на КСС и Извршниот одбор на КСС, кои како легитимни претставници побараа од раководните лица на АД ЕЛЕМ, согласно позитивните законски регулативи и согласно конвенциите на Меѓународната организација на трудот за слобода на синдикалното здружување, на легитимен начин да ги ослободат просториите во наше присуство, а документите кои се во сопственост на синдикатот да бидат предадени на легитимните синдикални претставници. Наместо тука да запре мешањето во синдикалното движење, се направи упад во просториите на синдикалната подружница на РЕК Битола, синдикалната организација на АД ЕЛЕМ и гранскиот синдикат ССЕРИ во кои се наоѓаше целокупната наша документација, и во наредниот ден просториите и целокупниот имот и документација беше предадена на новоформиран синдикат, Мултиетничкиот синдикат за образование – МЕСО при ССМ, кој што нема никаква допирна точка по националната класификација на дејности со синдикат за енергетика, што само по себе покажува дека целта е да се изврши притисок врз синдикатите во КСС и да се замолчи синдикатот во неговите легитимни барања.“ – стои во соопштението на КСС.

На сето ова претходеше уште еден настан кој што сам од себе покажува дека работодавачот се меша во синдикалното движење, грубо се кршат законите и конвенциите на МОТ и дека само по себе треба да повлече кривична одговорност.

„На ден 02.02.2018 година во 11 часот и 42 минути, раководителот на одделение за парични текови на АД ЕЛЕМ ги известува сите поддружници на АД ЕЛЕМ, преку е-маил, дека средставата за задршки од плата на сметка на синдикалните подружници на АД ЕЛЕМ по основ на членарина, позајмици и роба на рати, да се стопираат и да не се префрлаат на трансакциските сметки на синдикатите.“ – апелираат од синдикатот.

„На крајот на сето ова Генералниот директор на АД ЕЛЕМ, испрати известување до КСС во кое се оградува од сите овие дејствија и не упатува до органите на управување на подружницата на РЕК Битола.“ – обвинуваат синдикалците.

„За сето ова повторно се известени МВР Битола, Јавното обвинителство, Министерството за труд и социјална политика, Претседателот на Владата на РМ, но за жал до ден денес сеуште нема никаква реакција. Затоа во оваа прилика го повикуваме обвинителството да поведе постапка за истрага по допрен глас, за кривична одговорност, злоупотреба на службена должност за мешање во синдикалното движење во Р.Македонија.“ – објаснува КСС.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This