April 24, 2024, 11:27 am

СКАНДАЛ ВО АЕРОДРОМ: Советот на Аеродром тајно изгласа нов ДУП

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На прес-конференција портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Дејан Митески, кажа дека Советот на општина Аердром изгласал нов детален урбанистички план со кој се предвидува изградба на нови згради.

„Во четвртокот мнозинството во Советот на општина Аеродром предводено од СДСМ на шверцерски начин донесе нов детален урбанистички план за просторот покрај булевар Трета Македонска Бригада, со кој се предвидува изградба на 4 нови станбени блокови со површина од над 90.000 м2 површина. Тоа се 4 нови висококатници, од кои 2 нови станбени згради со висина од 8 ката и 40.000 м2 површина и две нови деловни згради со висина од 5 ката и 50.000 м2 површина“ рече Митески од ВМРО ДПМНЕ.

Митески уште кажа и дека градоначаланикот ги предложил измените на урбанистичкиот план без претходна консултација со жителите на општината и побара Марин да одговори „зошто било потребно целото брзање и за чии бизнис интереси се работи“.

Од  ВМРО-ДПМНЕ  најавија дека ќе ги искористат сите правни механизми да го оспорат овој ДУП.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This