СКАНДАЛ ВО БАЗАТА „ИНЏИРЛИК“: Американските војници купувале турски деца, ги продавале на трговци со човечки органи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коментирајќи ги информациите дека турски деца наводно се продаваат на американски војници во базата „Инџирлик“, жителот од таа област Махмут Акар тврди дека овие информации се точни, наведувајќи дека целите на оваат трговија би можеле да бидат прекрстување на децата и нивна инструментализација против Анкара

На почетокот на јануари турските медиуми објавија информација за американски војници од базата Инџирлик кои наводно купувале деца од Турција, ги одведуваат во САД и ги прават католици.

Махмут Акар, сопственик на мал дуќан во областа Инџирлик во турската провинција Адана, за Спутник изјавил дека американските деца купувале турски деца од 1980. до 1995. година. Тврди дека американските војници му дале понуда да им ги продаде своите родени деца.

„Знам дека американските војници земаа деца од голем број на семејства во Инџирлик. Ги купуваа и момчињата и девојчињата. Сакаа да ја купат мојата новородена ќерка и синот, но не прифатив. Им реков дека не би ги продал своите деца дури и да ми го понудад целото богатство на светот“, рекол Акар.

Додава дека „повеќе пати бил сведок“ на продажба на турски деца на американски војници, но не сака да ги наведува имињата на родителите „продавачи“, бидејќи би се нашле во „многу срамна ситуација“.

„Оние кои ги даваа своите деца на американските војници сега се срамат и молчат. Ако ги откријам нивните имиња, тие нема да бидат во состојба да ги погледнат луѓето во очи. Тие семејства многу жалат затоа што ги продале своите деца, но сега не можат ништо да направат бидејќи сега е невозможно да ги најдат своите чеда“, вели Акар.

Според неговите зборови, американските војници кои ги купувале турските деца можеле да ги продаваат на мафијаши кои се занимаваат со трговија со човечки органи. Додава дека тоа се „луѓе кои ги купуваат тие деца и можат да им направат што сакаат и да сторат секаков злочин“.

Потсетувајќи дека од 1980. до 1995. година американската војска била во доста близок контакт со локалното население, Акар забележал дека во тоа време режимот на посетата во базата „Инџирлик“ не бил така рестриктивен како денес.

„Бидејќи американските војници често беа во контакт со локалното население во селото Инџирлик, имаа прилика да ги набљудуваат децата и да најдат вистински пристап до нивните родители. Обично купуваа деца на возраст до две години, а понекогаш и новороденчиња. Целта им беше да ги преорбатат во нова вера и да ги свртат против Турција“, додава тој.

Истакнува дека американските војници почесто бирале семејства со финансиски проблеми, бидејќи целта им била „што побрзо да ги купат децата“.

„Ги одвезуваа во Америка со товарни авиони. Во тоа време влезот во базата и излезот од истата беше лесна задача и американската војска можеше да извади било кого од базата. Никој не контролираше што се случува таму“, заклучува Акар.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This