СКАНДАЛ ВО ГРАД СКОПЈЕ: Шилегов ги манипулира записниците од седниците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема крај на скандалите поврзани со Градот Скопје и градоначалникот Петре Шилегов. Имено од наши извори дознаваме дека Шилегов го злоупотребува институтот советнички прашања. Во записниците од седниците на советот на Град Скопје се избегнуваат изјавите на градоначалникот Шилегов со што му се дава право да манипулира со своите излагања и одговори.

Советникот на ГРОМ Александар Трајановски во Град Скопје во повеќе наврати посочил дека Шилегов не одгвора на прашањата кои директно му се поставени. Советниците забележуваат дека не пости записник воопшто бидејќи на советниците не им се потребни прашањата кои тие ги поставиле. Советниците истакнуваа дека не им е потребно потсетување во форма на текст за прашањата кои самите ги поставиле, туку одговорите на прашањата кои најчесто Шилегов лично ги дава.

„Во записниците од седниците на советот на град Скопје се избегнуваат изјавите на градоначалникот Шилегов. Ова му дава право да манипулира со своите излагања и одговори.
И на самата седница посочив дека Шилегов не одговара на прашањата кои директно му се поставени. Ова не е ни записник или не треба да се вика така. На советниците не им е потребно потсетување во форма на текст за прашањата кои самите ги поставиле, туку одговорите на прашањата кои најчесто Шилегов лично ги дава“ – вели Трајановски за Инфомакс.

Нејасно е која е причината за ваквото однесување, но очигледно е дека постои обид да се прикријат незадоволителните одговори на градоначалникот поставени од страна на советниците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This