СКАНДАЛ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ: Општинската администрација манипулирала со мерната станица за да прикажува позитивни отчитувања на квалитетот на воздухот!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните од општина Аеродром соопштија скандалозна инфорација на Фејсбук групата „Аеродром во моето срце“, наведувајќи дека новиот градоначалник на општината издал наредба на своите партиски послушници да прскаат прочистен воздух во мерната станица во општината, со цел да се прикаже нереална состојба за загаденоста на воздухот

 

Неспособни да реализираат било каков проект со цел намалување на загадувањето, а уште помалку да ги реализираат ветувањата за почиста животна средина, кои токму во Аеродром ги промовираше и претседателот на СДС Зоран Заев, општинската администрација под контрола на Златко Марин прибегнала кон лажење на жителите на општината, и предизвикување на општа опасност.

Имено, како што соопштуваат анонимни граѓани преку фејсбук групата „Аеродром во моето срце“, градоначалникот Марин издал наредба на партиските послушници мерната станица во општината да ја прскаат со чист воздух, со цел да се прикаже лажна слика за квалитетот на воздухот во општината. Ова во најмала рака е кривично дело, бидејќи претставува загрозување на општата безбедност на граѓаните, манипулирајќи ги да веруваат дека воздухот всушност е безбеден за нивното здравје.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This