СКАНДАЛ ВО ОПШТИНСКИОТ НА СДСМ КАВАДАРЦИ: Лажговците вчера најавиле фабрикувана афера, Спасовски не реагира на лажната пријава!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стравот од извесниот пораз кој за само 40 часа ќе го доживее СДСМ, предизвика општинските организации, членството и криминалното подземје кое соработува со сепаратистот Заев да почнат со предизвикување и фабрикување на афери, се со цел да се предизвика тензија и да се направи алиби за поразот кој им претстои

kavadarci_najava

Општинската организација на СДСМ во Кавадарци целосно го загуби тлото под нозете и во очај и паника, а по совет од централата на Бихаќка се обиде да подметне Чаушовско сценарио во кое би фрлиле сомнеж на претстојните избори во недела.

Исплашени од поддршката која ВМРО-ДПМНЕ ја добива во градот и денешната посета на Кавадараци од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во четвртата изборна единица Никола Груевски, СДСМ во градот се обиде да измисли афера за наводен поткуп на гласачи Роми.

Оваа „афера“ вчера на својот ФБ профил ја најави и членот на извршниот одбор на СДММ Павле Богев, инаку истакнат член на партиската испостава во градот и актер во сите предизборни спотови на СДСМ.
pavle_bogoev

Најавувањето на исмислени и монтирани афери не е непозната ситуација за СДСМ. Веќе две години лидерот на опозицијата, сепаратистот Зоран Заев и медиумите под нивна контрола ги најавуваат прес конференциите и предметите за кои СЈО треба да води истражни постапки.
caus-zaev infomaks

Освен тоа, новинарот на „Фокус“ доби награда за истражувачко новинарство со измислените афери за печатењето на фалсификувани пасоши кои беа печатени во фабриката за афери на Закир Бекири Чауш, кој во моментов одлежува затворска казна.
Ljubisa-Arsik-Fokus-LK-Pasosi

Токму поради ова тие се одлучиле да измислат дека во штаб на Демократската партија на Ромите се делело поткуп. Вистината е дека кога сценаристите повикале полиција и кога истата пристигнала во штабот единствено било констатирана лажна пријава.

Од извори од надлежното Јавно обвинителство дознаваме дека на лице место и официјално било констатирано дека нема никакво кривично дело.

Во врска со овој случај, коментар побаравме и од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со внимание го следиме обидот на СДСМ во Кавадарци за создавање на манипулации со кои сакаат да го покријат стравот од извесниот пораз во недела. На СДСМ нема да му помогнат ниту овие, ниту пак вакви слични лошо режирани сцени кои немаат никаква врска со реалноста и вистината. Тие се прочитани од народот и ниту вава фабрикувана афера во стилот на претходните на Чаушот не може да им помогне, тие не можат да избегаат од соочување со народот. Ние и нашата коалиција немаме никаква потреба од вакви работи бидејќи сме убедени во мудроста на народот и неговата поддршка кон татковината, разликата е голема и за два дена доаѓа денот кога граѓаните ќе го казнат СДСМ за неговата срамна политика. Сакаме да потенцираме дека немаме намера да влегуваме во шемите за лаги и конструкции на СДСМ, но истовремено потенцираме дека сме максимално посветени и подготвени да одговориме на секаков обид за нарушување на изборниот процес и загрозување на волјата на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека ова однесување на опозицијата е очекувано.

-Нивните лаги и агресија ги трпевме две ипол години, ќе ги истрпиме и овие два дена. Кризата завршува на 11 декември и СДСМ нема веќе изговори за ништо. Крајот на кризата доаѓа. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува МВР и Јавното обинителство и официјално да се произнесат во врска со лагите кои денес ги пласираше очајниот СДСМ, велат од партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This