April 16, 2024, 11:52 pm

СКАНДАЛ: Во партиска пропаганда Шекеринска злоупотреби офицери и генерали

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска е дел од изданието на „30 прашања со“ што го објави пред неколку дена нејзината матична партија СДСМ, пишува Курир.

Како што е општо познато спотовите ги прави Коста Петров во својство на потпретседател на СДСМ.

Сепак во спотот на Шекеринска злоупотребени се униформирани лица во партиска пропаганда. Останува нејасно како било дозволено да се снимаат во партиски цели офицери и војници во униформи на своето работно место во Министерството за одбрана кога тоа е најстрого забрането со закон. Нејасно е и во каква функција се појавил потпретседателот на СДСМ Коста Петров кога тој не е вработен во Министерството за одбрана.

Видеото е закачено на партискиот канал на СДСМ на Јутјуб.

Имено според член 131 став 12 од Законот за одбрана забрането е изразување и застапување политички ставови и убедувања во службата и предизвикување национална, верска и расна нетрпеливост.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This