СКАНДАЛ ВО САД: Децата на мигрантите во САД биле насилно принудувани да земаат психотропни супстанци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во засолништа за млади на Владата на САД, децата на имигранти насилно биле принудени да земаат широк спектар на психотропни лекови кои влијаат на менталната функција, за да се справат со траумата, по затворањето и разделување од нивните родители, се вели во тужбата поднесена од страна на Центарот за човекови права Лос Анџелес.

Во тужбата се наведува дека децата се чуваат во објекти како Шилох центарот во Тексас и “речиси сигурно” добиле лекови без оглед на нивниот статус и без родителска согласност, пренесува Ројтерс.

“Ако сте во центарот на Шило, речиси е сигурно дека сте на овие лекови”, вели еден од адвокатите на Центарот.

Тужбата беше врз основа на сведочењето на децата кои доколку не сакале да ги земат лековите биле принудени да добијат инекции, а родителите, тврдат дека тие не биле прашани за согласност, нивните деца да добијат лекови против анксиозност.

Земање на различни психотропни лекови во исто време може да предизвика сериозна штета на децата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This