СКАНДАЛ ВО СРЕДНОТО ЕКОНОМСКО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВО: Ги заториле под клуч за да не одат на протест поради загадувањето!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На средношколците од тетовското средно економско училиште „8-ми септември“ денеска им било забрането да протестираат и биле заклучени во училиштето.

Сепак тие не се откажуваат и за утре е закажан протест во гимназијата која преку Фејсбук статус ги повикаа сите ученици да им се приклучат.

-На ден 29.11.2018 (овој четврток) тетовските средношколци ќе го искористат своето право на протест гарантирано со Уставот на Република Македонија поради кршење и потполно игнорирање на членот 43 од страна на надлежните, член во кој на граѓанинот му се доделува правото на ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА.

Нашата општина со неколку десетици илјади жители веќе повеќе години се наоѓа прва на ранг листите кога е во прашање индексот на загадување, рамо до рамо со градови кои имаат по неколку милиони жители, а уште потрагичен е и фактот потврден со научната студија изработена од докторите од Републичкиот центар за јавно здравје и Медицинскиот факултет во која се констатира дека дури 38% од смртните случаеви во Тетово се резултат на аерозагадувањето.

Енормното аерозагадување остава непоправлива штета врз здравјето на граѓаните, а во посебен ризик спаѓаат лицата со здраствени проблеми, постарите граѓани, бремените жени како и тинејџерите и адолесцентите чии што витални органи сеуште се развиваат.

Поради тоа, испраќаме ултиматум до надлежните, во случај во рок од 7 дена од почетокот на протестот да не бидат имплементирани конкретни краткотрајни мерки кои значително ќе го ублажат аерозагадувањето, како и долготрајни мерки кои ќе го превентираат истото во иднина ќе следи БОЈКОТИРАЊЕ НА НАСТАВАТА.

Сите заинтересирани граѓани, медиуми и граѓански организации со ИСКЛУЧОК на политичките партии поради нивната долга историја на собирање политички поени од ваков тип на настани, се добредојдени на протестот.

СОБИРНО МЕСТО: Плоштадот во Тетово
ВРЕМЕ: 08:00, стои во нивното соопштение.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This