April 27, 2024, 12:22 am

СКАНДАЛ ВО СТРУМИЧКАТА БОЛНИЦА: Лекови и материјали со поминат рок од неколку години се користат за „лечење“ на пациенти!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не само што нема инвестиции во здравството, туку истото се наоѓа во позапуштена состојба од било кога претходно, се жалат докторите во струмичката болница за интервентна хирургија

Скандали го тресат министерството за здравство во последната година дена, откако инцијалниот период од превземањето на власта од страна на СДСМ, сега екс-министерот Арбен Таравари одби да превземе одговорност за смртта на десетици новороденчиња, кои за жал, починаа поради катастрофалните услови во ГАК.

Ваквиот тренд продолжи и по доаѓањето на министерот Филипче, но под негово раководство се наталожија и низа на други скандали, првенствено со набавка на лекови и сомнежи за фаворизирање на една компанија, блиска до министерката Радмила Шеќеринска.

Имено, директорката на Клиниката за хематологија Ирена Пановска-Ставридис вршела набавка на лекови тестови и апарати од веледрогеријата на својот татко иако тоа претставува непотизам и судир на интереси.

Како ова да не беше доволно, во државата настана недостиг на лекови во аптеките, а од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека ситуацијата е алармантна, особено поради тоа што недостигот на лекови е предизвикан поради приватните бизнис интереси на Шеќеринска, Пановска и Венко Филипче.

Дека здравството е во хаос, покажува и фактот дека во струмичката болница во одделот за интервентна хирургија се користат средства за оперирање со поминат рок. Некои од материјалите имаат поминат рок повеќе од три години. Освен материјали за интервенциите, на пациентите им се делат и лекови со поминат рок од неколку години.

Ваквата состојба во здравството се одрази и на последната анкета која ја објави телевизија „Телма“, според која граѓаните се најнезадоволни од работата на министерството за здравство и министерот Филипче.

Катастрофална е и ситуацијата со ФЗОМ, кој не може да ги покрие потребите на граѓаните за нивната редовна терапија, додека за терапиите за ретки болести веќе не станува ниту збор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This