April 24, 2024, 12:57 am

СКАНДАЛ ВО СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ – ПИТУ“: Вода нема, наплата нема, а хотелот функционира како хотел!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе 16 дена воопшто нема топла вода во студенскиот дом „Кузман Јосифовски- Питу“ каде што има сместено голем број на студенти и други вработени луѓе кои доаѓаат од цела Македонија да работат преку летниот период во Скопје и престојуваат во студентскиот дом кој во летниот период работи како хотел.

Сите сместени имаат склучено договор кој што не е исполнет од страна на управата, но наплатата за ноќевањата кај сите присилно со постојан притисок и закани за евикција се спроведува од страна на советникот за сместување Димитар Дедов кој е одговорен за рецепцијата во домот за летниот период.

Освен секојдневните лажни ветувања од страна на директорот на Државниот Студентски Центар Дарио Николовски дека вода ке има за неколку дена, револтот кај вселените го зголемува нивното шерифско однесување, велат студентите од студентскиот дом „Кузман Јосифовски- Питу“ за КУРИР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This