СКАНДАЛ ВО СУДОТ: Се крие барањето за изземање на претседателот Иван Џолев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одбраната на обвинетите од „Топлик“ освен што побара изземање на советот кој постапува по предметот, побара изземање и на Претседателот на Основниот суд Скопје1 – Скопје, Иван Џолев.


Основата на барањето е иста. Катица Јанева отворено изјави дека поседува незаконски прислушкувани материјали за поголем број судии без да посочи кои се, со што отвори сомнеж дека истите можно е да се користат за вршење притисок и уцени врз судиите.

Затоа од страна на одбраната беше побарано СЈО да ги објави имињата на судиите за кои има незаконски снимени телефонски разговори, како еден вид гаранција дека оние кои постапуваат и носат одлуки во предметите каде што една од странките е токму СЈО не постапуваат под притисок и закана.

Иако барањето е уредно доставено до архивата на судот, истото е игнорирано, а Претседателот на судот донесе одлука со која што го одби претходното барање на одбраната за изземање на советот во предметот „Топлик“.

Имено на денешното рочиште на СЈО, за случајот „Топлик“ каде што е обвинет поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, имаше жалби во врска со цд-ињата од аудиовизуелниот записник. Тој истакна дека споредено со записникот, во цд-ињата недостасуваат околу 15 минути и тоа делот каде што судијата се произнесе дека ќе донесе формално правно решение во врска со барањата на одбраната да се изземе вештачењето на списите.

Поради ова адвокатите сметаат дека вештачењето било пристрасно бидејќи ќерката на вештакот, Борис Тунџев, била вработена во СЈО. Ова информација ја потврди и самото СЈО.
Адвокатот Дончо Наков рече дека сите цд-иња запираат на 20 минути и 20 секунди. По закон снимките треба да бидат целосни во Акмисот но бидејќи недостасува дел, адвокатот Наков рече дека е невозможно да се спореди записникот со аудиовизуелен запис.

Исто така адвокатката Сања Алексиќ даде забелешка дека записникот не се соодвестува со она што е кажано на претходното рочиште.

 

https://www.facebook.com/nedelnikrepublika/videos/1743174545703163/

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This