СКАНДАЛ ВО УБК: Началник на УБК продал или изгубил службен пиштол, а случајот се прикрива?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До порталот Инфомакс беа испратени детални информации дека високопозициониран началник во УБК кој води еден од суштинските оддели останал без пиштол, а за тоа не смее никој да праша или да поведе истрага. Според сомнежите кои ни беа доставени истиот побарал и втор службен пиштол, иако никој не поседува информација каде е првиот и зошто не го пријавил. Стравот кај поединци кои алармираат до нас е дека постои опасност, оружјето кое го нема да биде злоупотребено за некое сериозно кривично дело кое може да заврши и со изгубен човечки живот.

Според деталите кои ни беа доставени, пиштолот Црвена Застава со број 41 803 веќе не е во посед на началникот, а заради неговата блискост со директорот на УБК и Министерот Оливер Спасовски , Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди не смее ниту да помисли да покрене истрага.

Затоа Инфомакс јавно прашува каде е службениот пиштол Црвена Застава бр. 41803 и кој го има задолжено?

Дали истиот службеник задолжил и ново оруже, повторно пиштол Црвена Застава со број 245494 или тој е на друго име ?

Со УБК се врзуваа повеќе скандали изминатиов период. некои медиуми веќе пишуваа дека масовно се злоупотребуваат службените автомобили, а никој не понесува одговорност. Внатрешната контрола немо ги посматра овие скандали чекајќи насока од „горе“ кој е подобен, а кој не и за кого важи законот , а за кого не важи.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This