April 20, 2024, 12:26 am

СКАНДАЛ: Дактолографка ги распределува предметите на судиите во Кривичен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопскиот Кривичен суд освен што доби нов распоред на судии и големо помесѕување на места и позиции, деновиве претседателот Иван Џолев направил нов распоред и на судската администрација. Најновиот список на имиња и позиции открива нелогичности и постапки кои Законот за судска администрација не ги предвидува, пишува порталот Досие.

Најголем скандал е назначувањето на доскорешна дактилографка за работа со АКМИС системот за распределба на предметите.

Дактилографката сега е во служба во судска писарница и тоа одговорен службеник во одделението за организиран криминал и корупција. Тоа значи дека ќе биде одговорна за доделување на предметите на судии односно работа со системот кој до сега донесе многу проблеми во овој суд, додава порталот.

Интересен е списокот на кабинетот на претседателот и најблиските сектори за соработка. Претседателот има двајца советници соработници, од кои едниот не е со регулиран статус, туку е волонтер во судот. Како влегол во кабинетот како советник не познато.

Друг пак вработен како поранешен раководител во одделот за човечки ресурски, кој во медиумите стана познат по пријава за насилство врз колешка и издавање тајни од судот, по неговото разреѓување повторно е на позиција за која треба да се исполнат одредени услови. Тој како помлад референт  отишол шест скалила повисоко во судот, иако требало да има оглас за работното место и одобрени средства од финансии.

Според распоредот на имињата целата судска администрација е преуредена без запазување на Законот за судска администрација, кој предвидува распишување огласи за одредени места. Тоа особено важи за унапредувања нагоре во службата, но до објавувањето на новиот распоред оглас не е распишан.

Новите распореди и списоци на судиите и администацијата се пуштени веднаш во Нова година и по големата преселба по канцеларии судот почнува со работа со комплетно нова постава на која ќе и треба време да ги усогласи старите и новите броеви на предмети и броеви на судии и судници во кои ќе се судат илјадниците предмети во најголемиот суд во државата. Многу од нив, меѓу кои предметите на СЈО ќе почнат од почеток.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This