СКАНДАЛ КОЈ СЕ ГРАНИЧИ СО УБИCTBO: Пациент пoчинaл бидејќи Министерството за здравство не му доделило пари за да си купи терапија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преку два милиони евра додели владата ов проект за реинкарнација во скандалот со фондот за иновации, 300.000 евра за снашката на Цветанка Ласкова, уште 300.000 евра на Кодинг-Горска и потпретседателот на СДСМ Кавадарци, 160.000 евра (покрај останатите милиони евра) од Фондот за иновации завршија во џебот на Кочо Анѓушев, 45.000 евра за иновација во грниња и земјени тави, вработен синот на советничката на Заев, Ленче Николовска, речиси половина милион евра народни пари за стипендија на ќерката на Димитров – и на сето ова, немало пари за човек со ретка болест кој починал затоа што фондот не му исплатил пари за да си го купи лекот


Пациент со пулмонална хипертензија пред три дена починал бидејќи не ги добил неопходните  лекови за оваа дијагноза, објави телевизија Сител. Не го следувале на државна сметка поради тоа што болеста му била секундарна и не влегувала во програмата за ретки болести. По реагирање на здружението за ПХ до здравствените власти дека овој пристап е дискриминирачки, им било ветено дека терапијата ќе му биде достапна на болниот, но не дочекал да ја земе.

-Еден пациент со ретки болести може да заболи и од пулмонална хипертензија и тогаш повторно ќе зборуваме дека има секундарно заболување. Едната дијагноза ќе ја третираме а другата не. Тоа е рамно и на овој случај што го имавме изгубивме лице бидејќи не доби терапија. Ако не се третира, најдобрата прогноза е дека ќе има продолжен живот од 2,8 години, вели Ирена Коцев од здружението за пулмонална хипертензија.

Во земјата има четворица пациенти со ретката болест Пулмонална хипертензија и уште десетина кај кои оваа дијагноза е секундарна. Овие лица имаат проблем со дишењето и слаба функција на срцевиот мускул. Ако навремено земаат лекови животот може да им биде продолжен за 20 до 30 години. Од здружението велат дека на приватно треба да издвојуваат и по 500 евра месечно, што не може секој да си го дозволи тоа.

Дополнителен проблем за лицата со пулмонална хипертензија е и загадениот воздух. Овие месеци и не излегуваат од дома.

-Пречи и тоа многу, ако излезат мора тоа да биде со кислородна поддршка, која ја немаат а приватно чини од 2 до 4000 евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This