March 29, 2024, 11:41 am

CKAНДАЛ: Македонец бил регистриран како Грк во Колумбија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Амбасадата на Македонија во Бразилија се обидува да стапи во контакт со Никола Божиновски, со цел да се расчистат сите недоумици околу неговиот престој во Колумбија, откако тој напиша на Фејсбук дека во хотелот каде што престојувал не можеле да ја најдат Македонија како држава во системот на имиграција и дека бил регистриран како Грк.

-Дечки моментално сум во Колумбија и само да ве информирам дека овде, Македонија веќе не постои како држава. Во хотелот кога пробаа да ме регистрираат на официјалниот сајт на миграционо не можеа да ја најдат Македонија под ниту едно име од сите што ги имаме. Од миграционо ги исконтатирале во Министерството за надворешни овде и им рекле дека од сега Грција е задолжена за македонски пасоши и мора да ме регистрираат како Грк и дека Македонија не постои повеќе во системот. За ова ме известија откако ме регистрирале. Не беше возможно да се смени ниту имав време да исконтактирам со нашата амбасада. Никогаш во животот не сум се чувствувал вака пocpaмен и пoнижен, пишува на Фејсбук македонскиот граѓанин Никола Божиновски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This