СКАНДАЛ: Наставник по историја малтретирал ученици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Седмир Усаиновски, 10-годишен ученик од селото Кишава, раскажува за наставникот по историја кој, како што тврди тој, сакал физички да му наштети.

– Јас сум Седмир. Наставникот му рече на Флјорим ајде да го фрлиме по скали. Јас сум реков не можете да ме фрлите – изјави Усаиновски.

Пред подрачното училиште во Кишава, денеска се собраа родителите на учениците. Не ги пуштија своите деца на наставата по историја. Велат дека ќе ја бојкотираат наставата се додека проблемот не биде решен.

– Дојдов заради детето овде, има еден наставник по историја, кој ги пишува оценките по пат на жрепка. Ние не ги пуштаме децата да учат ако е тој наставник овде, ние не ги пуштаме – вели Јетон Умановски, родител.

Не е во ред да се караат наставниците и да се караме ние родителите со наставниците. Тој ни е најголем проблем“, порача Садула Муаремовски.

– Во школото нема никакви инвестиции, катастрофа ни е школото, ние како да не сме во оваа држава. Школото го одржуваат децата. Годишно собираат пари за стакла, за боја и за други инвест. Ако се случи уште нешто, пак го плаќаат самите деца. Овде нема никаква инвестиција од страна на државата – истакна родителот на Седмир, Јетмир Усаиновски.

Од училиштето во Бистрица кое е надлежно за селото во Кишава велат дека се запознаени со случајот.

Директорот за ТВ 21 потврди дека наставникот Даријан Најдовски е пријавен во просветниот инспекторат во Битола и дека е покрената постапка против него.

Телефонските броеви од просветниот инспекторат во Битола објавени на интернет не се во функција.

Контактиравме со централата од Скопје од каде ни рекоа дека не можат да даваат изјави за медиумите бидејќи нивната работа е тајна.

Се обидовме да стапиме во контакт и со наставникот, но не успеавме. ТВ 21 дознава дека наставникот Даријан Најдовски претходно бил вработен во основното училиште во Кукуречани од каде бил избркан поради слични причини.

Во училиштето во Кишава настава посетуваат околу 80 ученици, а селото има 200 жители.

Извор: ТВ21

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This