СКАНДАЛ НА КАТИЦА ЈАНЕВА: Немала намера да зборува и да го брани Извештајот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Специјалната обвинителка Катица Јанева попладнево скандалозно ја напушти собраниската седница и им порача на пратениците дека нема намера да го брани Извештајот.

katica-stana

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево ја напушти седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците изјавувајќи дека ќе дојде само на Пленарната седница на која ќе биде разгледуван Извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство. Јанева рече дека не се враќа повеќе на седницата бидејќи пратениците и правеле класичен мобинг.

Пратеничката Владанка Авировиќ  и забележа на Јанева што наместо одговор на нејзините прашања, таа упатува пораки до институциите во РМ. Исто така, рече дека Јанева мора да даде одговор каде се потрошени средствата за кои нема образложение во Извештајот на СЈО и за неа е несфатливо како Јанева и нејзиниот тим работи на откривање на незаконски дејства од една страна, а од друга страна таа самата не е транспарентна и не покажува на кој начин се потрошени средствата што и се доделени од буџетот.

По примерот на опозициската СДСМ која редовоно го дообјаснува лидерот Заев за искажаните ставови, попладнево преку соопштение до јавноста и СЈО ја дообјаснува Јанева.

-Појаснуваме дека иако предмет на разгледување на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците беше вториот шестмесечен извештај за работатата на ова Јавно обвинителство, сепак Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева транспарентно одговараше и на сите поставени прашања кои не беа поврзани со извештајот, стои во дообјаснувањето од СЈО.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This