СКАНДАЛ, ПРЕИМЕНУВАН КОНГРЕСЕН ЦЕНТАР АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ: Иако не е ратификуван, владата насила го спроведува договорот од Преспа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако ратификацијата на Договорот од Преспа не е потпишана од претседателот и не е објавена во Службен Весник, а референдумот за договорот беше неуспешен, Владата на СДСМ насила го спроведува Договорот од Преспа. Имено Инфомакс дознава дека Конгресниот Центар Александар Македонски е преименуван во Универзална Сала, самоинцијативно од страна на Управниот одбор. Печатите се веќе заменети, а договорот на големо се спроведува.

Иако Универзалната сала не е во функција повеќе од две години, очигледно за Заев е најважно да ги исполни дадените концесии и да продолжи со спроведување на политиката на свиткана кичма. Салата не е во функција бидејќи беше предвидена нејзина реконструкција, но откако таа беше стопирана од актуелната власт, Универзална никогаш не проработе.

Ветувањата на Заев кон странците за власта се клучни, а јавноста беше сведок и на формирањето на мешовитата комисија составена од македонски и грчки историчари кои ќе ја менуваат историјата.

Да се потсетиме дека вчера македонската јавност беше запозната со членовите на историската комисија со Грција. Универзитетските професори Далибор Јовановски, Никос Чаусидис, Људмил Спасов, Ана Чупеска-Станишковска, Фахри Рамадани и Кица Колбе, се членовите од македонска страна во Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) со Грција – за историски, археолошки и образовни прашања. Предводник на тимот од македонска страна, како што е познато, е амбасадорот Виктор Габер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This