СКАНДИРАЊА ЕЧЕА ВО МАКЕДОНСКАТА ОПЕРА И БАЛЕТ: Овации ја тресеа оперската сала на првото појавување на Дурловски по притворот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

МОБ ечеше синоќа од скандирања, откако по брилијантаната изведба на Тимур во операта Турандот, Игор Дурловски излезе да и се поклони на публиката. Овации и скандирања на неговатото име ја тресеа оперската сала, додека нашиот оперски пеач и отпоздравуваше на публиката и им се заблагодаруваше на присутните кои дојдоа да го проследат неговото враќање на сцената.

Ова е целосен триумф на Дурловски во првиот негов настап по притворот кој му беше одреден за настаните на 27 април минатата година и измисленото обвинение за наводен тероризам чија смисла лесно се доловува деновиве по сите понижувања што ги доживеавме како резултат на преговорите меѓу Заев и Ципрас.

Дурловски беше еден до лидерите на За заедничка Македонија. Од крајот на ноември минатата година до крајот на јануари беше во притвор во истражниот затвор во Шутка, а потоа уште два месеци му беше одредуван домашен притвор.

На својот ФБ профил Дурловски објави:

Вчера беше можеби најважниот ден од мојата пејачка кариера. Трема, емоции, љубов… Дадов се што чував во себе а добив исто така СЕ!
Благодарам на колегите за соработката и искрените гушки и бакнежи, благодарам на директорката Чадловска за можноста да се вратам на сцена во специфичен период од мојот живот а најмногу благодарам на публиката која што со искреност го пречека моето враќање на сцената на МОЈАТА МОБ

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This