СКАПА НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА ОД ВЛАДАТА: Парното ќе поскапува за 30%, веќе поскапеа дизелот, струјата и водата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

БЕГ најавува дека парното ќе поскапи за 30% . Во изјава за Алсат, од компанијата велат дека за да плаќате иста сметка, по воведувањето на калориметрите ќе треба да го загревате домот 30% помалку.

Корисник кој живее во просечен стан од 60 метри квадратни ќе почне да остварува финансиски заштеди доколку заштедите на топлинска енергија изнесуваат над 30% на годишно ниво, односно при 30% заштеда на енергија, финансиската заштеда изнесува 0%. За остварување 35 отсто заштеда на енергија потребно е просечната собна температура да се намали за 5 степени Целзиусови, што е под стандардите за здраво живеење.“ – велат од Бег за Алсат.

Од Владата велат дека граѓаните мора да почнат да штедат бидејќи така е во цел свет.

„Да се намали со поевтини енергенси, да се намали со изолација. Значи цел свет оди во тој правец, не можеме ние да одиме дивергентно. Како сега, ние што да речеме? Трошете енергија, нема проблем, не треба да мислите на изолација на куќите, не треба на ништо да мислите, само евтина енергија трошете“, вели Анѓушев за Алсат.

Калориметрите според пресметките ќе чинат по 300 евра по стан. Од Владата најавија дека товарот нема да падне на граѓаните.

Нафтата ќе биде поскапа за 3 денари: Собранието одлучи, акцизата се зголемува

Со 47 гласа „за“ и 25 „против“, Собранието ги изгласа измените на Законот за акцизи со кој од 1 јануари ќе се зголеми акцизата на нафтата за три денари.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, изјави дека не се очекува никакво инфлаторно придвижување и дека граѓаните можат да бидат мирни.

-ЕУ ова го препорачува и заради намалување на загадувањето кое го предизвикуваат овие горива. Со овие предлог измени ќе се остварат и дополнителни приходи во буџетот. Важно е што паралелно ќе се оди со зголемување на акциза на црвената нафта за три денари, затоа што ако се зголеми распонот меѓу дизелот и црвената нафта може да дојде до злоупотреби на црвената нафта,  рече Тевдовски.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека целта на зголемената акциза не е за да се намали загадувањето, туку за да се наполни државната каса.

Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ, пак рече дека смешно и понижувачко е образложението дека зголемувањето на дизелот е како мерка против загадувањето. Оваа мерка, рече таа, не беше предвидена во предизборната програма на СДСМ.

Велат дека ова најмногу ќе ги погоди земјоделците и таксистите.

ЕВТИН ТРИК НА СДСМ: Изборите поминаа, власта ја укинува евтината струја

Кога домаќинствата ќе излезат на слободниот пазар кон крајот на следната година, евтината тарифа на струјата нема да постои, барем не во оваа форма.

Дали ќе има евтина тарифа од 14 до 16 часот во работни денови и цел ден во недела ќе зависи од понудата на снабдувачот кој ќе го избере секое домаќинство. Понудите можат да вклучуваат и различни термини за евтина струја, но тоа неизбежно ќе значи и ново подесување на електронските броила.

Анѓушев тврди дека либерализацијата на пазарот на електрична енергија нема да значи поскапување на струјата, напротив, поголемата конкуренција ќе ги намалела цените. Тој напомена дека ЕЛЕМ и МЕПСО нема да се приватизираат, но дека за ЕЛЕМ да го задржи чекорот со конкурентите од странство и да ги натера снабдувачите да купуваат струја од домашно производство треба драстично да ги  скрати непродуктивните трошоци.

Од Европската енергетска заедница велат дека новиот Закон за енергетика ги исполнува речиси сите нивни барања. Македонија успеала да ги исполни обврските и да ја усогласи регулативата во енергетскиот сектор согласно европската. Енергетската заедница ќе ги анулира двата спора што ги отвори бидејќи земјава, според нив, не го почитувала правото на слободен избор на граѓаните.

Законот за енергетика треба да биде усвоен до крајот на март. Меѓу другото тој предвидува за оние граѓани кои нема самите да изберат снабдувач, струја да обезбедува таканаречен „универзален снабдувач“, фирма која ќе се избира на тендер на секои 5 години.

Кочо Анѓушев со „Масерати“ и „Порше Кајен“ се грижи за сиромашните, колите му вредат 300.000 евра (ФОТО)

Според анкетниот лист, кој вицепремиерот го пополнил и ќе го достави до Државната комисија за спречување на корупцијата, Анѓушев тежи околу 28 милиони евра.

Најбогат функционер во Македонија е потпретседателот на Владата, Кочо Анѓушев. Тој и според Форбс е еден од петте најбогати Македонци. Во неговиот возен парк има „Масерати“, „Порше Кајен“ и „Мини Катримен“, во вредност од околу 300.000 евра.

Анѓушев љубител е на луксузни чанти, а поседува и импресивна колекција на часовници од марките ролекс, омега, картие вредни 2,5 милиони денари, односно 46 илјади евра. Анѓушев поседува и уметнички слики и скулптури во износ од над 100.000 евра, како и златен накит во износ од 6 милиони денари, односно исто 100.000 евра.

Како други превозни средства Анѓушев во анкетниот лист навел дека псоедува и чамец „Регал 1900“, вреден 30.000 евра.

Според анкетниот лист кој вицепремиерот го пополнил и ќе го достави до Државната комисија за спречување на корупцијата, Анѓушев тежи околу 28 милиони евра.  Тој навел дека е сопственик на една куќа и пет стана во Скопје, куќа на Халкидики како и стан во Белград. Пријавил и деловни простории во Скопје, а најголема вредност има уделот во групата Фероинвест, каде тој е содружник со 80 посто од акциите, или 21 милиони евра.

Владата ќе го дозбогати Анѓушев, укинувајќи давачки за акумулатори

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција обвини дека Владата ќе ги укине давачките за литиум-јонски акумулатори само заради вицепремиерот Кочо Анѓушев, односно, како што рече Бојан Стојаноски, затоа што единствено неговата фирма „Брако“ користи такви акумулатори. Со тоа Кочо Анѓушев ја злоупотребува својата положба во власта на секој можен начин, порача Стојаноски и побара оставка од вицепремиерот.

– Електрични литиум-јонски акумулатори користи само фирмата „Брако“ која е во сопственост на Кочо Анѓушев и која овие батерии треба да ги вгради во моторни возила за специјална намена – чистење на улици и на патишта со електричен погон. „Брако“ треба да произведе 35 вакви возила во вредност од 2 милиони евра. Со ова личното богатство на Анѓушев дополнително ќе се зголеми на сметка на буџетот кој сите граѓани го полнат – рече тој.

Како што појасни, тоа ослободување од давачки ќе биде привремено и ќе важи до 30 септември 2018 година, а нема да се разгледува во Собранието.

– Со ова се заобиколува и јавноста која не може да ги дознае сите детали кои доколку би имало расправа во Собрание и доколку се извадат сите факти пред граѓаните, ќе предизвикаат големо незадоволство од работата на владата.

 

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This