СКАПОЦЕН СПОМЕН: Најстариот маж во Канада првпат се среќава со праправнучето крстено по него

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една фотографија, илјадници зборови.

Ова е 108-годишниот Езмонд Олкок и неговото едногодишно праправнуче за време на нивната прва средба. Несомнено фотографијата е скапоцен спомен, бидејќи ретко некој од нас добил можност да се сретне со својот прапрадедо.

Емотивниот господин е најстариот маж во Канада и има 71 потомок. Откако тажно ѝ рекол на ќерка си дека ниту еден од нив не е крстен по него, една од нејзините правнуки решила да му ја исполни желбата.

За време на прекрасната средба со бебето, Езмонд рекол: „Не знаеш колку многу ми значи ова“.

Џена, мајката на едногодишниот Ез, ја раскажа оваа прекрасна приказна. Еве го нејзиниот текст:

Ова е господин Езмонд Олкок. Роден во 1910 година, овој дотеран џентлмен наполни 108 години на 26 јануари. Официјално, тој е најстариот маж во Канада. Тој е сопруг на една личност, татко на 6, дедо на 17, прадедо на 36 и прапрадедо на 12.

Мене тој ми е прадедо и е мажот по кој го крстив мојот син. Додека за повеќето луѓе прадедовците се само избледен спомен од детството, јас имав среќа да го имам мојот во последните 30 години.

Една од приказните кои тој секогаш ми ги раскажуваше беше од времето кога бев на иста возраст како мојот син. Додека се учев да одам, го терав да ме фати за раце, а потоа да парадира со мене низ соба. Сè што требаше да направам беше да излазам до кај него и да му речам „Пат пат“ и тргнувавме. Кога пораснав, тој се сеќаваше на мене и ме викаше негово мало другарче.

Кога дознав дека сум бремена со првиот син, тој им се јави на телефон на сите негови деца за да им каже дека јас ја зголемувам популацијата. Кога забременив со вториот син, тој му спомна на баба ми дека е одговорен за 71 потомок, но дека ниту еден не го има крстено својот син по него. Со сопругот сакавме да му дадеме на синот име од семејството и тоа ни помогна да донесеме одлука.

Мојот Езмонд се роди на 11 јануари 2017 година, речиси 107 години по неговиот прапрадедо. Откако се стопи снегот, го зедов бебето и заминав во соседната провинција за да му го претставам на мојот прадедо неговиот имењак.

Кога пристигнавме, тој не беше сигурен која сум јас. Знаеше кои се моите баба и дедо (неговата ќерка и зетот), но не беше сигурен за мене. Му објаснив која сум, но дотогаш тој веќе беше заљубен во Езмонд.

На половина од нашата посета, тој се сети на мене. Јас бев девојката „Пат пат“.

Додека го држеше мојот син, тој му го бакнуваше главчето и постојано повторуваше: „Не знаеш колку многу ми значи ова. Не знаеш колку многу ми значи ова“.

Посакувам да можев да му објаснам колку многу ми значеше МЕНЕ.

Благословена сум…

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This