April 24, 2024, 11:38 am

СКОКА СО ПАРАГЛАЈДЕР НА 78 ГОДИНИ: Дедо Миле е најхрабриот прилепски пензионер (ФОТО/ВИДЕО)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се прашував која е таа сила, кој е тој животен порив што ги тера луѓето да ризикуваат со овој спорт, раскажува прилепскиот пензионер, кој за разлика од неговите врсници во земјава, но и од помладите генерации, бестрашно се впушта во авантури со екстремни спортови

М

Годините не се пречка да се лета и да се почувствува возбудата на небото. Нему осмата деценија, во која е длабоко завлезен, не му е никаков проблем ниту, пак, изговор за да се откаже од адреналинското уживање во височините. Пензионерот Миле Грданоски со своите 78 години е пример за бестрашност и желба за авантура во секоја доба од човековиот живот. Поранешниот машински инженер во своите пензионерски денови допрва се впушта во авантури на небото.

Тој е можеби и единствениот македонски пензионер кој на таа возраст редовно скока со параглајдер. Освен во воздухот, тој често е на поход по планините, а ги пребарува и пештерите како голем љубител на спелеологијата.

Миле Грданоски пензионер лета со параглајдер

За разлика од многуте наши пензионери, тој е речиси навлечен и на социјалните мрежи, па има и свој профил на Фејсбук, како и канал на Јутјуб.

За летањето и одлепувањето од копното со параглајдер Грданоски вели дека било посебно задоволство.

– Првиот лет го имав пред Светското првенство во параглајдерство во Крушево. Полетавме со пилотот Игор од Скопје со параглајдер-тандем од Мечкин Камен од 1.400 метри надморска височина. Не почувствував страв. Термичкиот столб беше исклучително силен, па се кренавме до 2.500 метри. Дел од летот бев копилот, а потоа го зедов и кормилото. Го управував параглајдерот. Летот го снимав и со камера и го објавив – раскажува Грданоски за несекојдневното летачко искуство.

Миле Грданоски пензионер лета со параглајдер

Доживувањето е неверојатно, интересно

– Се прашував која е таа сила, кој е тој животен порив што ги тера луѓето да ризикуваат со овој спорт. Доживеав страст, остварување на исконскиот сон на човекот да биде птица, слобода, шир, виор од кој се крева адреналинот. Во вителот на задоволството ја  набљудував панорамата на Крушево и околината. Поздравот со облаците нема да биде последен. Закажав нов, втор контакт со небото. Пак да бидам „Икар”, пак да се почувствувам како птица, да се вивнам на средба со облаците. Ги повикувам пензионерите да ми се придружат, доколку се здрави – вели храбриот прилепски пензионер.

Пред да полета, тој прво теоретски преку интернет го проучувал параглајдерството бидејќи тоа не е само спорт, туку и наука што е тесно поврзана со неговата струка и пасија – термотехниката и метеорологијата.

Миле Грданоски пензионер лета со параглајдер

Грданоски работниот век го завршил како директор на секторот за развој во Тутунскиот комбинат во Прилеп. Кога не е врзан за социјалните мрежи, каде што веќе „заразил“ и други колеги од неговата возраст, пензионерските денови ги минува во друштво со природата.

Често планинари и ги крстосува македонските шуми. Мераклија е и за откривање на мистериите и декорот на пештерите. Во младоста ја основал спелеолошката секција во планинарското друштво „Златоврв“. Заљубен е во чистиот воздух и во движењето.

– Се интересирав преку интернет за екстремните спортови, не само за летањето, туку и за планинарењето и за водата. Сум се спуштил во многу пештери и планински јами во поранешна Југославија и во Бугарија. Не стравувам од небото ниту од утробата на Земјата – објаснува бестрашниот пензионер.

Грданоски вели дека додека го држат нозете ќе биде во прегратка со природата. Му посакуваме уште многу адреналински доживувања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This