СКОПСКИ ТАКСИСТ КИДНАПИРАЛ АМЕРИКАНЕЦ: Сакал да го измами, откако американецот одбил да плати таксистот не му дозволувал да излезе од автомобилот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Таксист сакал да му наплати поскапо на Американец, а откако тој го одбил, го стартувал возилото не дозволувајќи му да излезе, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 19,10 часот во Полициската станица -Центар , Р.Р. (32) од Северна Каролина-САД, со привремено престојувалиште во Скопје, пријавил дека истиот ден околу 16.45 часот од плоштадот “Скендербег“ се качил во такси возило и му кажал на возачот да го однесе до хотел во Скопје. Откако пристигнале пред хотелот, таксистот му побарал да плати 400 денари, а на таксиметарот стоела сума од 110 денари. Р.Р. рекол дека тука живее и знае колку чини такси превоз, по што таксистот започнал на англиски јазик да го навредува и го стартувал возилото со полна брзина, не дозволувајќи му да излезе од возилото, кажувајќи му дека сега тој е главен и тој ја контролира ситуацијата. Поради густиот сообраќај во близина на продавница за бела техника таксистот подзастанал, при што Р.Р. ја искористил ситацијата ја отворил вратата и скокнал од возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This