СКОПЈАНЕЦ НАПАДНАТ ВО БЛИЗИНА НА СИТИ МОЛ: Едвај избегал од насилниците

Поврзано

- Advertisement -

- Advertisement -

На 17.10.2016 година во 23:20 часот во полициската станица Карпош, Д.Б. (19) од Скопје пријавил дека бил нападнат.

noz-ubistvo

Имено, истиот ден околу 22:25 часот, додека управувал возило „Форд Ескорд“ со скопски регистарски ознаки, од страна на неколку непознати лица имало обид за насилство врз него. Во наведеното време, додека го управувал возилото, во кое на задното седиште како сопатник била Н.Н. (18) од нас.Нерези-Скопје, забележал како позади него се движи возило „Форд Ескорд“ со тетовски регистарски ознаки од кое му биле давани светлосни сигнали.

Кога пристигнал во близина на ТЦ-Сити Мол, бил престигнат од наведеното возило кое му го блокирало патот. Од возилото излегле неколку непознати лица.

Возачот, држејќи нож во раката, се обидел да ја отвори возачката врата, додека пак друго лице, држејќи дрвена палка во рацете, се обидел да ги отвори останатите врати од возилото на Д.Б.. Во еден момент Д.Б. успеал да избега со возилото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This