Скопјани бараат градот да добие улица со името на Ѓорѓе Балашевиќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советот на Град Скопје на претстојната седница најавена за вторник следната недела ќе гласа по 22 точки меѓу кои е и предлог – листата за дополнување на листата на имиња на улици, плоштади, мостови, и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на град Скопје.

На социјалните мрежи има петиција улица да добие и пејачот Ѓорге Балашевиќ кој често настапуваше во нашиот град.

-Станува збор за листа од 570 нови и стари имиња на жени, мажи, места, поими кои може да бидат искористени за назначување на инфраструктурни објекти на територијата на градот Скопје. Надополнувањето на базата од која што може да се одбира за назначување на улици, плоштади, мостови и др. е важно, пред се, заради сеопфатноста на процесот, во кој што беа вклучени и граѓаните преку анкета во 2018 година, и заради опфаќање на имиња кои се значајни за Скопје а не биле во таа листа или биле избришани во предходни постапки. Гласањето од страна на Советот на Град Скопје е уште еден чекор во целокупната процедура, а оваа листа понатаму треба да биде изгласана и од страна на Владата, навеудва Град Скопје во најавата за седницата.

Советот на град Скопје треба да расправа и за усвојување на извештајот за извршување на буџетот на Град Скопје за минатата година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This