April 18, 2024, 12:42 pm

СКОПЈАНИ ГО ,,УTEПAA” ШИЛЕГОВ: Тераат мajтап со прекрстувањето на улиците, заборавиле каде живеат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако вчера Градот Скопје го објави прашалникот и процедурата за прибирање предлози за нови имиња на топоними: улици, булевари, мостови, плоштади, паркови и други инфраструктурни објекти, реакции во јавноста не стивнуваат.

Граѓаните се жалaaт и се шегуваат дека повеќе не знаат на која улица живеат. Сите ги кажуваат улиците по старо и онака, велат поединци, па затоа нема потреба од менување.

Други велат дека Градот треба да се занимава со поважни работи и оти менување на имиња на објекти е најмал пpoблем во земјава. Плусинфо побара став од Град Скопје за ваквите реакции.

– Именување на објекти не е нова работа или концепт, каде најголемиот дел од објектите веќе имаат имиња (стадиони, спортски сали, катни гаражи, домови на култура, театри…) – беше нивниот одговор.

Не добивме одговор за тоа колку имиња-предлози граѓаните испратиле во текот на вчерашниот ден, ниту какви имиња биле во игра.

– Сите заинтересирани граѓани можат тоа да го сторат преку пополнување на интернет прашалникот кој е достапен на следната интернет врска- https://skopjelab.typeform.com/to/tyGGmL , како и до Град Скопје преку пошта на следната адреса: Град Скопје, Совет на Град Скопје, бул. Илинден, бр. 82, најдоцна до 18.08.2019 година.Постапката за собирање на предлози ќе трае до 18.08.2019 година, по што предложените имиња од граѓаните ќе ги разгледува Комисијата за именување на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на Советот на Град Скопје која има за задача да ја состави листата на имиња во согласност со одредбите на овој Закон и истата ја доставува во форма на предлог до Советот на Град Скопје, кој ја утврдува истата по претходно добиени мислења од општините и согласност од Владата. Бидејќи има повеќе стадиуми и постапки, а се инволвирани и комисии и други институции, не можеме да дадеме конкретен рок за кога би завршила постапката – ни беше речено оттаму.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This